Блискиот Исток низ призмата на Турција 20-2017

Односите меѓу Турција и Либија: ризиците и можностите

Блискиот Исток низ призмата на Турција 20-2017

Продолжува кризата во Либија и покрај тоа што поминаа шест години од револуцијата во февруари 2011 година. Во рамките на денешната програма ќе ги анализираме турско – либиските односи вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, астистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Либија е место во кое Турците живеат, управуваат и покажуваат интересирање уште од деветтиот век. Присуството на Турците во регионот започнува со племенската заедница Толуногуллари (868-905),  Ихшидилер (935-969), Ејубилер (1171-1250), Мемлуци (1260-1517) и до 1912 година трае со Османлиите. Либија беше земја во регионот која најдолго беше под хегемонијата на Османлиите се со 1912 година. Се до потпишувањето на договорот во швајцарскиот град Оуши во 1912 година, Турците кои беа принудени да ја препуштат управата над Либија на Италија, сите можности на земјата ги заштитија и искористија. И по 1912 година, Турците не ги прекина врските со Либија. Со стекнувањето на независноста, односите меѓу Турците и Либија повторно заживееја и особено по 1970-те години дојде до збогатување на меѓусебните односи особено во полето на политиката, економијата, трговијата и културата.

Политичките последици на Арапската пролет беа многу деструктивни. Во земјата се формира мултиполарна управа. Република Турција како за време на револуцијата така и за време по револуцијата покажа пријателски став кон Либија и Либијците. Почнувајќи од јуни 2011, Турција Преодниот национален совет го призна за легитимен претставник на власта на Либија. Турција пружа поддршка на процесот на преструктуирање во Либија. Сп обидот за воен удар на Халифа Хафтар во периодот од февруари до мај 2014 година, политиката на Либија влезе во еден нов перод во кој насилството почна да се применува како метод за надвладување. Денес вооружените групи на Хафтар упрвавуваат со источниот дел на земјата. Во западниот и јужниот дел на земјата преовладува влијанието на независните вооружени групи. Во земјата се изнесуваат три различни легитимни собранија и влади. Турција во овој кризен период низ кој поминува Либија се држи настрана од вооружените судири. Во тие рамки на страните им препорачува внатрешните судири да ги окончаат на ниво на национален консензус и да почнат со функционирањето на политичкиот процес. Турција ја поддржува Предоната национална влада која беше формирана на иницијатива на ОН и со цел да ги опфати целата распарчана структура. Но за жал досегашната регионална и меѓународна помош на Преодната национална влада не го достигна нивото за да се надминат проблемите.

Халифа Хафтар покрај тоа што во периодот од 2012 до 2013 година не успеа да стане определувачки фактор во политичкиот процес на Либија, со текот на времето ја стекна поддршката на некои регионални и меѓународни актери. Со оваа поддршка Хафтар ја имитираше воената управа во Египет и на источната страна на Либија формира воена управа. Секако дека оваа состојба предизвика ќор-сокак кој го одложува и одолговлечува процесот за повторно преструктуирање на Либија. Како последица на овој застој доаѓа до намалување на можностите за соработка во турско-либиските односи. Гледано од тој аспект, пристапот до надлежните актери за координација и соработка предизвикува сериозни проблеми во враќањето на турските компании во Либија, трансферот на пари меѓу Турција и Либија како и трговската соработка. Исто така и регионалните и меѓународни актери се соочуваат скоро со сите слични проблеми во Либија.

Турција има длабоки и коренити односи со либискиот народ. Како резултат на историската и културна поврзаност и врски меѓу двете земји, Турција придава големо значење на безбедноста и благостојбата на либискиот народ. По револуцијата во февруари 2011 година, Турција Преодниот национален совет го призна како единствен легитимен претставник на Либија. Со именувањето на амбасадорот на 2 септември 2011 година Турција беше првата земја која  именуваше амбасадор во Триполи. Покрај повремените проблеми меѓу двете земји, илјада годишното минато на турско-либиските односи влеваат сериозна надеж за подобра иднина на односите.

Турција со цел да даде придонес во изнаоѓањето решение на кризата во Либија (земајќи ги во предвид и постоечките проблеми), може да фрли конкретни чекори за повторно преструктуирање на државните установи и администрацијата и тоа без да чека да заврши кризата. Во тие рамки, со формирање и испраќање делегација составена од експерти за јавна администрација, Турција може да усоврши проекти за повторното преструктуирање на либиската држава. Во врска со прашањето може да се изготви патна карта. Бидејќи во регионот се доживува сриозен процес на повторно преструктуирање и Либија е земја која во овој период навистина има потреба за голема поддршка. Секако дека придонесот на Турција во Либија може да одигра улога на земја мдел за регионот.

Како што може да се види, придонесот на Турција со чекорите што ќе ги фрли ќе се базираат врз основата на мирот и компромисот на политичкиот договор за Либија како и територијалниот интегритет, исто така ќе ја зајакне и свеста за национално единство. Она што се очекува од Либија е формирање унитарна влада и воспоставување на безбедноста, враќањето на стабилноста, зголемување на приходите од нафта како и повторното започнување на турско-либиските економски односи. Турција како во минатото така и во иднина биде значаен актер во Либија. Но ако ги земеме во предвид актуелните случувања и фактичката ситуација, тоа може да се случи на среднорочен план, а не краткорочен.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, астистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет посветен на турско–либиските односи.



Слични вести