Блискиот исток низ перспективата на Турција 19-2017

4-та серија преговори во Астана и иднината на кризата во Сирија

Блискиот исток низ перспективата на Турција 19-2017

Во Астана се одржа 4-та серија состаноци за решавање на кризата во Сирија. Во рамките на денешната програма ќе говориме токму за овие преговори и кризата во Сирија вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи на Ататурковиот универзитет.

Човечката трагедија во Сирија трае шест години. Се до денес загинаа над половина милион лица. Повеќето од загинатите се невини цивили кои загинаа како последица на нападите на силите на режимот на Асад. Со цел да се оконча граѓанската војна во Сирија, продолжуваат мировните преговори меѓу Турција, Русија и Иран во Астана за изнаоѓање решение на кризата во оваа земја.

Телефонските разговори меѓу Трамп и Путин, Ердоган и Путин во последно време како и 4-та серија мировни преговори во Астана предизвикаа вниманието на светот да се пренасочи кон кризата во Сирија. Главна цел на преговорите во Астана кои започнаа кон крајот на 2016 година е да започне политички процес за изнаоѓање трајно мировно решение на проблемите и прашањата во Сирија. Првата етапа беше да се спречат судирите. За целосно окончување на судирите изминатите пет месеци беа вложени големи напори за формирање конкретен механизам. На преговорите во Астана кои започнаа како комплементарни во однос на преговорите во Женева со цел да се оконча граѓанската војна во Сирија, досега не беше постигнат конкретен резултат. Затоа, 4-та серија преговори во Астана започнаа токму со цел да се постигне конкретен успех за окончување на граѓанската војна и постигнување траен мир во Сирија.

По 4-та серија преговори во Астана, Турција, Русија и Иран како земји гаранти потпишаа меморандум за разбирање. Според меморандумот, во Идлиб и околината на одредени соседни градови (Латакија, Алепо и Хама), потоа одредени подрачја на Хомс, подрачјето Источна Гута и дел на Јужна Сирија (Дера и Кунејтра) ќе се формираат безконфликтни зони. Формирањето безконфликтни и безбедносни зони е привремено решение. Во првата етапа рокот на  овие безбедносни зони ќе биде шест месеци. Со едногласна одлука на земјите гаранти овој рок ќе може да се пролонгира.

Според постигнатиот меморандум, во безконфликтните зони ќе се спречи употребата на сите видови оружје дури и воздушното особено меѓу завојуваните страни (се однесува на Режимот на Асад и умерените групи кои учествуваа или ќе учествуваат на разговорите во Астана). Исто така се предвидува безбедно и непрекинато доставување и проток на хуманитарната помош. Ќе се фрлат конкретни чекори за повторно обезбедување на основните услуги на инфраструктурата како што се чиста вода за пиење и хигиена како и електрична енергија. Ќе се обезбедат поволни услови за доставување медицинска помош и намирување на основните потреби на цивилите. Ќе се формираат поволни услови за враќање на сите они кои што беа принуден да мигрираат како во земјата така и надвор од неа. Во безконфликтните зони ќе се формираат контролни пунктови со цел да се обезбеди беспрекорно движење на невооружените цивили, доставување хуманитарна помош и олеснување на економските активности. За спроведување на условите за примирјето ќе се формираат центри за набљудување. Функционалноста на контролните пунктови и центрите за набљудување како и управата со безбедносните зони ќе се обезбеди од страна на земјите гаранти согласно постигнатиот консензус како и воените единици на овие земји. По потреба а и во согласност со консензусот на земјите гаранти во спроведувањето на наведените активности ќе можат да се инволвираат и трети земји.

Согласно постигнатиот консензус, со цел да се спречат евентуалните случувања или воени судири меѓу контрадикторните страни се предвидува да се формираат безбедносни зони по должината на границите меѓу безконфликтните зони. Земјите гаранти ќе бидат обврзани да ги преземат сите потребни мерки и санкции за почитување на страните на предвидените имплементации. Земјите гаранти две недели по потпишувањето на меморандумот со цел да ги утврдат деталите ќе формираат заедничка работна група. (Деталите имаат големо значење бидејќи не е утврдено како се предвидува да се постигне безконфликтна зона по окончувањето на судирите и како ќе се зачува стабилноста во пракса поради што се предвидува формирањето на механизмот). Заедничката работна група ќе се состане во Астана и ќе доставува извештаи во врска со активностите за Сирија на меѓународните состаноци. Кога ќе се постигне предвидената цел со посредство на претставниците на безконфликтните зони се планира да се постигне политички компромис. Затоа овој план не претставува решение на проблемот во Сирија,. Единствено ако биде успешен ќе одигра значајна улога во постигнувањето решение.

По средбата Ердоган – Путин, на преговорите во Астана се премина кон една нова етапа. Преговорите во Астана се водат околу еден нов поим. Тоа се безконфликтните зони.  Овој поим за Турција претставува показател кој води кон предлогот за формирање безбедносни зони. Доколку овие зони успешно бидат спроведени во пракса тогаш истите ќе претставуваат значаен чекор на патот за изнаоѓање и постигнување мирно решение на кризата во Сирија. Во случај на успешно спроведување на консензусот, земјите гаранти кои имаат влијание врз завојуваните страни во Сирија истите ќе треба да ги држат под контрола и да се насочат кон спроведување на планот. Особено Русија треба да ги спречи воздушните напади врз  цивилите и да ги разубеди силите на режимот на Асад и иранските парамилитарци за почитување на примирјето.

Турција се наоѓа на клучна позиција за постигнување решение во Сирија. За оформување на конечната рамка на целиот овој процес ќе треба да го почекаме исходот на средбата Трамп – Ердоган планирана за 16 и 17 мај, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи на Ататурковиот универзитет.



Слични вести