Блискиот исток низ перспективата на Турција 18-2017

Прекуграничните операции на Турција против терористичката организација ПКК

Блискиот исток низ перспективата на Турција 18-2017

Турција по операцијата Еуфратски штит најави дека во рамките на борбата против тероризмот ќе продолжи со прекуграничните операции. Изминатите денови Турција изврши истовремена операција во Ирак и Сирија. Во рамките на денешната емисија ќе говориме за влијанието на оваа операција на Турција врз регионот, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и низа други високи државни функционери подолг временски период потенцираат дека Турција нема да дозволи присуство на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на северот на Ирак и во Сирија. Проширувањето на сферата на влијанието на терористичката организација надвор од сегашните граници кон подрачјето Синџар е една од црвените линии на Турција. Затоа Турција ноќта на 24 април во 02.00 часот започна со истовремени воздушни операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак и Сирија.

Во воздушната операција на Турција на северот на Ирак на планината Синџар загинаа над 40 терористи, додека во операцијата на североисточната страна на Сирија на планината Карачок беа уништени 49 терористи од кои 4 високи раководители. Во операцијата на Карачок беа повредени над 90 терористи меѓу кои исто така имаше високи раководители на терористичката организација. Во текот на операциите во борбата против тероризмот кои беа извршени во текот на истата недела беа елиминирани 112 терористи. Исто така беа запленети 53 различни видови пешадиски пушки, 2 автоматски пушки, 6 РПГ ракетни фрлачи, 4 снајперски пушки, еден минофрлач од 60 мм, муниција за противавионски топ со прецизно насочување од типот СА-18 и 78 рачни бомби и гранати. Меѓудругото, во текот на истата недела, беа уништени 109 рачно изработени експлозивни направи како и 7 440 кг амониум нитрат киселина кои беа запленети од терористите.

Планинскиот венец Карачок кој се наоѓа во Ирак е многу близок до границата со Сирија. Една од основните причини поради која Турција изврши операција на ова подрачје е фактот дека терористичката организација ПКК нападите врз Турција ги остваруваше преку позициите во ова подрачје. Со оваа операција, Турција од една страна ги уништи појдовните центри на нападите на терористите, од друга страна пак ги попречува евентуалните обиди за промени на географската карта.

Турција на евентуалното зајакнување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак и Сирија смета како на многу сериозна закана за своите територии. Затоа гледано од тој аспект воздушната операција може да се третира како проширување на операциите во борбата против тероризмот што се води во рамките на земјата преку границата. Долготрајната борба против тероризмот што ја води Турција во земјата можеме да кажеме дека постигна успех. Турските безбедносни сили, на есен и на пролет извршија големи и сеопфатни операции против терористичката организација ПКК и во руралното подрачје, а не само во градовите. Со овие операции беше нанесен тежок удар на терористичката организација. Со помош и на технологијата Турција изврши голем притисок врз терористичката организација ПКК. Гледано од тој аспект можеме да кажеме дека за постигнување конкретен резултат и нанесување ефикасен удар се налага потреба од преземање и прекугранични операции.

Терористичките активности на ПКК на северот на Ирак како и на северот на Сирија како и недоволноста на локалните сили во борбата против ПКК, предизвика неминовна потреба од военото присуство и прекуграничните воени операции на безбедносните сили на Турција на териториите на Ирак. Турција со овие истовремени операции докажа дека без оглед на тоа каде се наоѓаат приврзаниците на терористичката организација ПКК, дали станува збор во Ирак или во Сирија, кога сака може да ги гаѓа. Силната закана која ја перцепцира Турција од ПКК од Ирак и Сирија, истовремено треба да биде прифатена за сериозна закана и од страна на САД која земја важи за сојузник во НАТО и стратешки партнер и борбата против тероризмот да прерасне во конкретен потфат, а не да останат само празни зборови и ветувања. Бидејќи ПКК со сите фракции и продолженија е терористичка организација и секогаш ќе биде мета на Турција. Со последните операции, Турција на земјите кои не ги земаа во предвид досегашните предупредувања и загриженост, им упати многу сериозна порака.

Република Турција се до операцијата Еуфратски штит имаше можност да го согледа тажниот факт дека безбедносните закани по должината на границата со Ирак и Сирија не можат да се решат само со дипломатија и дипломатски преговори. Примената на голема сила во борбата против тероризмот на овие територии особено во решавањето на проблемите со тероризмот во Сирија и Ирак е неминовност за да се остане моќен. Оваа операција истовремено покажа дека и во случај Турција да остане сама во борбата против тероризмот и заканата од ПКК, нема да се откаже од заштитата на безбедноста на земјата.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со прашањето во говорот на состанокот на Турската асоцијација на индустријалци и бизнисмени потенцираше на следното: Сите оние средини кои што не се стремат отворено да ги поддржат терористичките организации и да го покажат непријателството против нашата земја, треба да знаат и бидат свесни за тоа дека без оглед на цехот кој што ќе треба да се плати, Турција никогаш нема да дозволи структуирање на било која терористичка организација во близина на нашите граници. Сите оние кои што мислат дека со искористувањето на терористите во регионот во својство на платени војници ќе можат да ја натераат Турција да потклекне, не треба да го заборават следното; Операцијата Еуфратски штит е наша прва операција, а не последна. Една ноќ можеме да дојдеме неочекувано. Од овие зборови на претседателот Ердоган може да се извлече поуката дека Турција решително ќе продолжи со борбата против тероризмот и дека операцијата Еуфратски штит не е последна реч, туку само вовед на Турција во регионот.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет посветен на Прекуграничните операции на Турција против терористичката организација ПКК.



Слични вести