Нуклеарниот договор со Иран не ја постигна целта

Ова го истакна американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон на конференција за печат

Нуклеарниот договор со Иран не ја постигна целта

Американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон изјави дека нуклеарниот договор што го постигнаа САД како една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со Иран во 2015 година не ја постигна целта.

Тилерсон на конференција за печатот изјави дека админстрацијата на новиот претседател Доналд Трамп детално  го преиспита нуклеарниот договор постигнат со Иран и констатира дека договорот не ја постигна целта. Тилерсон додаде дека односите со Техеран нема да се оценуваат само низ призмата на нуклеарниот договор, бидејќи Иран воедно претставува регионална закана.

Тилерсон во продолжение Иран го спореди со Северна Кореа и додаде дека доколку не се контролира Иран би можел да се претвори во нова Северна Кореа. Американскиот државен секретар за надворешни работи Тилерсон додаде дека неговата земја не ги затвора сите врати за спроведување на нуклеарниот договор постигнат со Иран, но подвлече дека сепак во оваа ситуација нема да покаже стратегиско трпение.Тилерсон додаде дека иранската нуклеарна програма и понатаму претставува закана по светскиот мир, но освен тоа властите во Техеран му пружаат поддршка на Башар Асад во Сирија,потоа на шиитската милиција во Ирак и на Хусите во Јемен предизвикувајќи на тој начин регионални проблеми.

Иран се наоѓа на чело на списокот на земји кои го поддржуваат тероризмот и на неколку места во светот предизвикува конфлити,воедно не води сметка ниту за американските интереси,додаде на крајот Тилерсон.

 



Слични вести