Нема сомневање дека сирискиот режим употребил боен отров сарин на цивилите во Идлиб

Доказите за тоа ги објави Меѓународната организација за забрана на хемиското оружје

Нема сомневање дека сирискиот режим употребил боен отров сарин на цивилите во Идлиб

Нема сомневање дека сирискиот режим употребил боен отров сарин на цивилите во Идлиб

Доказите кои беа собрани од страна на група експерти за истражување на тврдењето дека сирискиот режим упиотребил боен отров сарин на цивилите во Идлиб  после детална лабораториска анализа беа објавени од страна на Меѓународната организација за забрана на хемиското оружје.

Генералниот директор на Меѓународната организација за забрана на хемиското оружје амбасадор Ахмет Узумџу ги извести членовите на управниот одбор на организацијата дека според наодите добиени од обдукцијата на лицата кои загинале во хемискиот напад и нивно био-медиско анализирање во неколку посебни лаборатории било утврдено лицата биле подложени на боен тров познат како сарин или гас сличен на саринот.

Амбасадорот Узумџу додал дека освен тоа на био- медикална анализа биле подвргнати примероци земени од лица кои сеуште биле на лекување во болниците после нападот по што било утврдено дека и тие лица биле подложени на бојниот отров сарин или сличен гас на саринот.

Наодите кои нашата организација ги доби од лабораториите каде беа испратени примероците на анализа,без двоумење во нивната точност укажуваат дека жртвите биле подложени на бојниот отров сарин или сличен гас на саринот.

Како што е познато над стотина лица загинаа а над 500 беа повредени од нападот со хемиско оружје на силите на режимот на Асад на 4 април годинава над месноста Хан Шејхун кај Идлиб.

 



Слични вести