Блискиот исток низ перспективата на Турција 16-2017

Американската воздушна операција на Сирија

Блискиот исток низ перспективата на Турција 16-2017

Пред одреден период САД реализираше воздушен напад на воената воздушна база на режимот на Асад во Хомс. Во рамките на денешната програма ќе говориме за американската операција и влијанието на истата во регионот, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Воздушните сили на режимот на Асад претходно извршија напад со хемиско оружје врз невините луѓе во сирискиот град Идлиб. САД на овој напад одговори со бомбардирање на воздушната база од која полетаа авионте на режимот. Воздушната база Шајрат во близината на градот Хомс беше бомбардирана со 59 крстосувачки ракети од типот Томахавк Ленд. Во соопштението кое беше објавено по нападот од страна на Американскиот државен секретаријат за одбрана беше истакнато дека по инструкција на претседателот Доналд Трамп, американските сили во 04.45 часот исфрлија крстосувачки ракети врз една воздушна база на Сириските воздушни сили.

Ќе се потсетите дека во периодот на Обама, САД употребата на хемиското оружје од страна на Сирија ја прогласи за прекршување на црвените линии. Покрај неколкукратната употреба на хемиското оружје од страна на режимот на Асад, за жал тогашната американска администрација ги занемари нападите со хемиско оружје. Воздушната операција која беше реализирана во периодот на Трамп претставува јасен показател за разликата меѓу администрацијата на Трамп и Обама. Сеуште не се знае дали САД ќе продолжи со операциите против Сирија.

Овој настан во јавноста предизвика дискусии во врска со тоа дали САД ја промени политиката кон Сирија. Во претходните изјави на високите американски државни претставници преовладуваше ставот дека „приоритет не е да си оди Асад“. Но веднаш по овој настан, на местото на стариот став почна да се употребува изразот дека „не може да се говори за политичко решение во Сирија без претходно да си замине Асад“.

Амбасадорката на САД во ОН Ники Халеј во изјавата за печатот во врска со прашањето рече дека САД има три основни приоритети во Сирија. Соборувањето на Асад во Сирија не е прв приоритет. Првата цел на САД во Сирија е да се победи ДЕАШ. Второ, се додека на власт во Сирија се наоѓа Асад, не може да се воспостави мир. Трето, влијанието на Иран ќе биде искоренето од Сирија и како последно ќе се оди на постигнување политичко решение.

Последната ситуација во Сирија прерасна во закана за интересите на САД во регионот. Од денот кога Трамп започна со претседателската должност, Иран го прогласи за терористичка земја. Додека Иран е земја која денес има најголема корист од актуелната ситуација во Сирија. Затоа воздушната операција на САД врз режимот на Асад истовремено претставува и еден вид порака и предупредување на Иран, која важи за земја најголем поддржувач на режимот на Асад. Доколку САдДнавистина не сака Иран да го прошири своето влијание во регионот, тогаш треба да ги спречи вооружените групи кои се приврзани кон Иран и кои вршат злосторство против човештвото.

Овој вид операции  треба да се извршат и со цел да се спречат и останатите масакри врз невините цивили во Сирија, а не само кога станува збор за употреба на хемиското оружје. Колку што ни е познато, моментално во Сирија има 26 воздушни бази кои се користат за исфрлање конвенционални бомби врз невините цивили. Поголемиот број на цивилите во Сирија кои се убиени од 2011 година наваму беа убиени со конвенционално оружје, а не со хемиско.

Турција бара да се уништат воздушните сили на Асад кои претставуваат најсилно оружје во нападите врз приврзаниците на опозицијата и цивилите во Сирија. Турција смета дека реакциите на меѓународната заедница против нападите со хемиско оружје на режимот на Асад се ограничени, поради што ја повикува меѓународната заедница повеќе да се инволвира во врска со прашањето и да биде поконзистентна согласно меѓународните принципи.

Во претстојниот период на краткорочен план не се очекува некоја поголема измена во американската политика кон Сирија. Но секако дека ќе дојде до одредени измени. Исто така и режимот на Асад може да преземе одредени дополнителни мерки во врска со ограничувањето на некои активности. САД може да ја зголеми поддршката на некои умерени опозициони сили како што е Слободната сириска армија (ССА) и да преземе активности кои ќе предизвикаат тешкотии за режимот на Асад.

Како што можеме да разбереме од првите изјави на американските власти, целта на оваа операција беше да се даде одговор на употребата на хемиско оружје на режимот на Асад. По американската операција, Русија и Иран соопштија дека го осудуваат ракетниот напад. Англија, Франција, Турција, Саудиска Арабија и Израел објавија соопштенија во кои ја изразија поддршката на операцијата. Гледано од тој аспект, претседателот Ердоган и сите други високи државни претставници изразија поддршка на САД. Впрочем од моментот кога почна кризата во Сирија, Турција зазеде јасен став против режимот на Асад поради што го изнесе ставот дека Асад треба да се отстрани од власта. Турција на операцијата на администрацијата на Трамп врз режимот на Асад, покрај тоа што е ограничена смета како предвесник на промената во позицијата на САД кон Сирија. Турција не смета дека операцијата е доволна поради што бара да продолжат операциите.

Сиве овие случувања освен тоа што ќе предизвикаат нови можности, исто така ќе предизвикаат и нови закани за Турција. Како последица на неефективноста на САД и меѓународната коалиција, Турција со операцијата Еуфратски штит ја започна истовремено почна да ја крои и својата политика во Сирија. Без оглед на тоа во кој правец ќе се движат случувањата во претстојниот период, Турција најпрвин ќе вложи напори да ја земе под гаранција својата безбедност без да биде принудена да направи избор меѓу САД и Русија.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет посветен на американската воздушна операција на Сирија.



Слични вести