5-та група бегалци која беше евакуирана од населбата Ваер пристигна во Џераблус

510 деца, 275 жени, вкупно 1 874 лица и 250 војници на опозицијата беа сместени во кампот за бегалци Зогара во Џераблус

5-та група бегалци која беше евакуирана од населбата Ваер пристигна во Џераблус

5-та група составени од цивили и војници која беше евакуирана од населбата Ваер во градот Хомс кој се наоѓаше под опсада на силите на режимот пристигна во Џераблус.

5-та група од 2 124 лица кои на пат тргнаа во вторник навечер од Ваер пристигна во Џераблус кое во рамките на воената операција Еуфратски штит на Турција беше исчистено од терористичката организација ДЕАШ.

510 деца, 275 жени, вкупно 1 874 лица и 250 војници на опозицијата беа сместени во кампот за бегалци Зогара во Џераблус.

Хуманитарната фондација за помош и за човекови права и слободи (ИХХ) на групата која влезе во подрачјето кое се наоѓа под контрола на силите на опозицијата им достави храна и помош.

Првите две групи бегалци во рамките на евакуациите кои започнаа минатиот месец од Ваер беа сместени во Џераблус.

Третата група беше сместена во привремените прифатилишта на руралното подрачје на идлиб, додека 4-та група која на пат излезе на 9 април беше сместена во кампот Зогара во Џераблус.



Слични вести