Блискиот Исток низ призмата на Турција 14-2017

Тензии по повод знамето во Киркук

Блискиот Исток низ призмата на Турција 14-2017

Подолг период вниманието на јавноста беше свртено кон Мосул поради опасноста од ДЕАШ во Ирак. Советот на градот Киркук усвои одлука според која покрај знамето на Ирак, на зградите на службените установи ќе се постави и знамето на Регионалната управа на северот на Ирак. По усвојувањето на оваа одлука, вниманието на јавноста од Мосул се сврти кон Киркук. Во текот на денешната програма ќе ги анализираме тензиите кои се зголемија во Киркук поради усвоената одлука, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Со декретот што пред одреден период беше објавен од страна на Губернијата на Киркук, арапскиот и курдскиот јазик присилно станаа службени јазици во службените допишувања меѓу институциите. Покрај арапскиот, во Киркук службен јазик стана и курдскиот јазик. Додека турскиот јазик на Туркменците, кои важат за најбројна популација во областа нема да се употребува во државните, службени установи, медиумите и училиштата. Регионалната управа на северот на Ирак ја објави декларацијата дека во 2017 година ќе се одржи референдум за прогласување на независноста. Исто така беше усвоена одлука според која во сите јавни установи на Киркук, покрај знамето на Ирак ќе се постави и знамето на Регионалната управа на северот на Ирак. Собранието на Ирак ја одби оваа одлука и донесе одлука според која на зградите на јавните установи во Киркук ќе се постави само знамето на Ирак. Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт и пратеник од Киркук Ершад Салихи остро реагираше на одлуката на Советот на градот Ииркук и рече дека гувернерот си „игра со оган“.

Случувањата во Киркук се дел на еден долг процес кој се одвива во градот. Имено од 1920 година наваму во Киркук владее голем притисок врз Туркменците. Се до 1960-те години поголемиот број од населението на Киркук беа Туркменци. Од периодот на кралството во Ирак, се вложуваат напори за арабизирање на градот Киркук која имплементација продолжи и во периодот на владеењето на партијата Баас.

На 4 мај 1924 година, ирачките војници без никаква причина извршија упади во куќите на Туркменците и убија над стотици Туркменци. На 12 јули 1946 година, врз туркменските работници кои започнаа штрајк беше отворен оган од огнено оружје. На 14 јули 1959 година, по убиството на еден Туркменец од страна на луѓето и приврзаниците на Мустафа Барзани, во градот избувнаа големи протести. Ирачките војници заедно со пешмергите убија стотици Туркменци. На 16 јануари 1980 година по наредба на тогашниот претседател Садам Хусејин голем број угледни туркменски интелектуалци масовно беа погубени. Во 1992 година во Тузхурмату голем број туркменски цивили беа стрелани. Исто така беа срушени вековни турски ремек дела и споменици. Во гратчето Алтинќопру беа стрелани голем број Туркменци меѓу кои имаше невини жени и деца.

Со американската окупација на Ирак во 2003 година и де факто преземањето на контролата и управата над градот од страна на курдските сили, започна масовно доселување на Курдите во Киркук. Но и покрај сите обиди за менување на етничката структура и демографијата на Киркук, во градот и натаму продолжува да живее и егзистира сериозен број Туркменци и туркменска популација. Во три од четирите општини на Киркук (Центар, Дибис, Тавук) живее поголема туркменска популација. Исто така и во централното подрачје на нахијата Тазехурмату која се наоѓа во границите на Киркук живеат поголем број Туркменци.

Гледано од аспект на меѓународното право, барањето на Регионалната управа на северот на Ирак за прогласување на независноста не е легитимно. Регионалната управа на северот на Ирак реториките во врска со независноста ги заснова на правото на самоопределување. За да се искористи правото на самоопределување треба да се формираат некои услови како што се барањето земјата да се ослободи од колонијализмот, режимот на репресивна и сепаратистичка управа. Меѓудругото, ако меѓу страните постои договор за одвојување/отцепување или пак уставот на земјата дозволува одвојување, тогаш може да се искористи правото на самоопределување. Што значи дека правото на самоопределување не подразбира произволно прогласување на независноста и тогаш кога една од страните ќе посака да се одвои.

Според 140-от член на Уставот на Ирак „Волјата на народот во Киркук и другите спорни подрачја ќе се определи со референдум кој ќе се одржи најдоцна до 31 декември 2017“. Се до денес во Киркук не беше одржан ниту еден референдум. Што значи дека и натаму продолжува да важи досегашниот статус на Киркук. Случувањата во последниот период не беа поттикнати од страна на партијата на Курдите КДП и Месут Барзани. Главни актери на кризата во Киркук се Херо Талабани, еден од лидерите на Патриотската унија на Курдите (КЈБ) и неговиот најсилен сојузник во Киркук гувернерот Неџметин Керим. Како што изгледа, кризата со знамето во Киркук нема да биде последна криза во подрачјето. На подолг период, особено по протерувањето на ДЕАШ од Ирак се повеќе јакнее веројатноста за избувнување судири во Киркук.

Во 2005 година Турција остро реагираше на преминот на управата над градот Киркук во рацете на курдските групи. Тогашниот премиер на Турција Реџеп Тајип Ердоган истакна дека што поскоро треба да заврши преземањето на контролата над власта во Киркук од страна на курдските групи. Исто така и тогашниот началник на генералштабот генерал на армија Илкер Башбуг го изнесе и бранеше ставот дека „одбраната и заштитата на посебниот статус на Киркук има витално значење за Турција“. И денес ставот на Турција во врска со прашањето е ист. Зачувувањето на територијалниот интегритет на Ирак е едно од најзначајните начела на надворешната политика на кое Турција придава многу големо значење. Затоа, не може да се очекува Турција да направи отстапки во врска со активностите на терористичките организации кои ќе предизвикаат нова дестабилизација и судири во регионот.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на одделот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести