Блискиот Исток низ призмата на Турција 13-2017

Новите случувања во Северна Сирија

Блискиот Исток низ призмата на Турција 13-2017

Во период кога Турција од една страна се справува со однесувањето на некои европски земји кое не доликува на дипломатијата, од друга страна пак претстојниот референдум буди посебно возбудување. Истовремено на северот на Сирија се случуваат значајни случувања. Во рамките на денешната програма ќе ги анализираме новите случувања на северот на Сирија, вели авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.

Слободната сириска армија со поддршка на Турција ги победи силите на ДЕАШ и ја презеде контролата над териториите кои се наоѓаа под ДЕАШ. На тој начин вниманието на јавноста се сврти кон областа во која беше реализирана операцијата Еуфратски штит. Турција соопшти дека Мунбич е следната цел на краткорочен план, додека на долгорочен план е Рака. Целта на оваа стратегија е северот на Сирија да се исчисти од тероризмот. На тој начин се планира да се формира безбедна зона во која бегалците од војната ќе можат да се вратат во своите домови. Во период кога приврзаниците на Слободната сириска армија почнаа да ги фрлаат првите чекори кон Мунбич, наеднаш почна и да се менува сликата за Мунбич. Силите на терористичката ПКК/ЈПГ на границата со Мунбич своето место им го препуштија на силите на режимот на Асад. Некои војници на режимот на Асад и Русија влегоа во Мунбич. САД индиферентно го одобри овој потфат. По влегувањето во Мунбич, руските војници почнаа да го штитат ЈПГ во Африн. На тој начин се планираше да се укине можноста Турција да ги бомбардира силите на ЈПГ, а која веќе немаше директна граница со ДЕАШ. Меѓудругото продолжува конкуренцијата меѓу САД и Русија за преземање на силите на ПКК/ЈПГ под своја контрола и нивно искористување за други цели.

Сеуште не е јасна политиката на новата американска администрација под претседателство на Трамп кон Сирија.  Но очигледно и јасно е дека продолжува желбата на Пентагон за искористување на силите на ПКК/ПЈД/ЈПГ во борбата против ДЕАШ. Прашањето во врска со Рака има потенцијал да предизвика голема криза меѓу двете земји. Напорите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) за формирање партнерство со ПКК со цел да се постигне привремен успех, на среднорочен и долгорочен план може да предизвика многу поголеми главоболки на сметка на САД. Во случај САД не ја земат во предвид чувствителноста и загриженоста на Турција, тогаш многу е мала веројатноста да постигнат одреден успех во Сирија. Во случај да постигнат одреден успех, тогаш многу потешко ќе биде воспоставувањето на стабилноста во оваа земја.

Русија со посредство на управата на Асад под изговор дека ќе им даде културна автономија, исто така се обидува да ги привлече силите на ПЈД/ЈПГ. Руската поддршка на ПЈД/ЈПГ во Сирија не е некоја новина. Односите меѓу терористичката организација ПКК, чии приврзаници денес ја сочинуваат основата на ПЈД/ЈПГ и Русија датираат уште од пред 40 години. Русија во опсадата на Алепо се раководеше заедно со силите на режимот на Асад и ПЈД. Затоа дури денес Русија не сака ПКК/ПЈД да влезе под контрола на некоја друга држава. Затоа од аспект на САД и Русија, влегувањето заедно со силите на ПКК/ПЈД/ЈПГ во Рака, препуштањето на контролата над Мунбич на силите на ПЈД е многу опасна работа. Евентуалното препуштање на контролата над Рака на марксистичко-ленинистичките настроени сили на ПЈД во кое место претежно живеат арапи сунити и Туркменци како и воените злосторства што ќе бидат извршени во подрачјето, можат да го запалат фитилот на една нова етничка војна која ќе трае со години.

Од друга страна пак, операциите на сириската опозиција на Дамаск и Хама не се едноставни потфати. Наскоро во Латакија или Западен Алепо се очекуваат нови судири. Не треба да се занемари и потцени капацитетот и улогата на Турција за соработка со локалните актери во Сирија и Ирак како и моќта да влијае врз исходот на фронтот. Досегашната борба на  Турција против ДЕАШ предизвика граничната линија да се спаси од заканата од ДЕАШ. Во оваа етапа, приоритет на Турција е ПКК а не ДЕАШ. Затоа природно треба да се сфати дека моменталното насочување на Турција против структуирањето на ПКК на северот на Сирија е можноста да предизвика директна закана за своите граници.

Инаку не треба да се заборави фактот дека ПКК/ПЈД е терористичка организација која од друга страна пак го изнесува и брани тврдењето дека има сталинистичка идеологија. Од друга страна пак има широка лепеза на сојузници како што се Америка, режимот на Асад и Германија. Ова навистина е надреална фотографија. Според досегашните изнесувања, ПКК/ПЈД е во потрага за формирање независна држава на северот на Сирија. До пред одреден период, кај приврзаниците на ПКК владееја илузиите дека со копање ровови и ендеци во Турција, ќе можат да ги продолжат терористичките активности и да прогласат автономија. Но и покрај надворешната поддршка, крајниот исход на ПКК беше нивното погребување во истите ровови. Историјата на Блискиот исток е исполнета со илузиите на сите оние посредници кои мислат дека своите цели ќе можат да ги остварат со одигрување посредничка улога во проектите на другите актери. Впрочем САД и Русија не можат вечно да бранат и штитат ПКК/ПЈД од Турција. Турско-руската соработка која зајакна во последно време може позитивно да се одрази врз новите планови во Сирија. Затоа во период кога од една страна Турција продолжува да ја покажува својата способност и сила на теренот, од друга страна треба да продолжи со дипломатските активности со САД и Русија.

Во суштина денес на теренот во северна Сирија може да се забележи дека владее голема блокажа. Сите актери го очекуваат исходот на резултатите од претстојниот референдум во Турција. Покрај настојчивоста на Пентагон, претседателот Трамп кој сеуште не го потпиша указот за соработка со ПЈД, по се изгледа дека конечната одлука ќе ја донесе по исходот на референдумот во Турција.

Тоа беше коментарот на авторот на програмскава серија Џемил Догач Ипек, асистент и истражувач на отсекот за меѓународни односи при Ататурковиот универзитет.



Слични вести