Странски печат 11.02.2019

Еве некои од денешните наслови објавени во странските средства за информирање...

Странски печат 11.02.2019

Саудискиот весник кој се објавува во Англија „Ал Шарк Ал Авсат“: Палестински Ел Фетих: Престолонаследникот на Саудиска Арабија го информира Вашингтон дека го отфрлуваат договорот со кој што нема да бидат исполнети правата на Палестинците.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Против заканата од Иран се воспоставуваат тајни врски меѓу Израел, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Весникот „Ел Амарат Ел Јаум“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати: Африканските земји со брзи чекори се обидуваат да ги нормализираат односите со Израел.

Германскиот интернет портал „Шпигел Онлајн“: Турција ја критикуваше политиката на Кина што ја спроведува против муслиманското малцинство, Ујгурите.

Германски „Дојче Веле“: 40 години од Исламската револуција: Промената во Иран ја усмеруваат жените.

Германскиот интернет портал „Фокус Онлајн“: Мерки во Турција против  тероризмот преку храната: Владата на Ердоган одлучи овошјето и зеленчукот да му се продаваат на народот директно, без посредници.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Илјадници опозиционери во Шпанија излегоа масовно на плоштадите со барање за одржување предвремени избори и протестираа против преговорите на премиерот Педро Санчез со приврзаниците за независност.

Еден друг шпански весник „Ел Паис“: Оската на злото според Трамп: Венецуела, Куба и Никарагва.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Мадуро ги започна воените маневри кои ќе продолжат до 15 февруари.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Британскиот министер за одбрана Гавин Вилиамсон: Русија, мора да плати висока цена поради провокативните активности против земјите членки на НАТО.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот амбасадор во Анкара Алексеј Јерхов: Трговскиот обем помеѓу Турција и Русија во 2018 година, надминувајќи ја бројката од пред кризата со соборениот руски авион, достигна до 25,4 милијарди долари.

Рускиот весник „Известија“: Според резултатите од анкетата на „Секјурити Радар 2019“, од евентуалната појава на војна во Европа најмногу стравуваат Русите и Украинците.

Францускиот весник „Либерасјон“: Жолтите елеци: Во Париз откината раката на еден демонстрант.  

Еден друг француски весник „Ле Фигаро“: Мигрантската криза во 2015 година ја потресе Германија.

Францускиот весник „Ле Монд“: Повторно расте затегнатоста помеѓу Франција и Италија.



Слични вести