Странски печат 17.01.2019

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските срфедства за информирање посветени на Турција

Странски печат 17.01.2019

Саудискиот весник „Алшарк Алавсат“ кој се објавува во Британија истакнува дека наскоро Палестина ќе поднесе барање до ОН за полноправно членство.

Независниот арапски весник „Ал кудс Ал араби“ кој се објавува во Велика Британија истакнува дека Саудијката Рахаф Мухамед ал-Кунун која минатата недела побегна од семејното насилство рече дека претстојните денови поголем број саудиски девојки ќе се обидат да побегнат од домовите.

Весникот „Ал амарат Ал јаум“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати ги предупреди граѓаните кои патуваат за Султанатот Оман да бидат повнимателни во врска со болестите предизвикани од мувата Аедес аегипти.

Шпански „Ел паис“ истакнува дека „Санчез во Стразбур ја зајакна ЕУ против авторитаризмот и во врска со „политичките притисоци“ ја бранеше шпанската правда. Според „Економист“ ние сме една од најдемократските земји, рече Санчез.

Шпанскиот „Ел мундо“  истакнува дека таксистите во Мадрид планираат масовен штрајк во борбата против системите на транспорт УБЕР и Кабифај.

Аргентински „Кларин“ истакнува дека Аргентина беше избрана за потпретседател на Советот за човекови права на ОН.

Францускиот весник „Франс 24“ истакнува дека парис го напушта Карлос Госн и наместо него бара нов челник за Рено.

Француски „Ле паризиен“ истакнува дека владее недостиг на лекови во земјата поради што секој четврти Французин е изложен на неповолното влијание на овој недостиг на лекови.

Италијански „Ле Фигаро“ истакнува: „ Брегзит: Невозможната задача на Тереза Меј“.

Германски „Дојче виртчафтснахрихтен“ истакнува: „Американските санкции предизвикаа Венецуела државното злато да го пренесе во Турција“.

Новинскиот портал „Некс24“ истакнува: „Анастасиа Четинкаја: Турција ми даде и овозможи многу. Турчинката Анастасиа Четинкаја родена во Русија се кандидираше за локалните избори што ќе се одржат во март“.

Германски „Дојче веле“ истакнува: „Расте бројот на дозволите за поседување оружје во Германија. Германците се наоружуваат. Расте бројот на граѓаните кои земаат дозвола за поседување и носење оружје.“

Руската новинска агенција „РИА новости“ истакнува дека „Јапонија на Русија и достави протестна нота во врска со казнувањето на јапонските бродови кои ловат во близината на Курилските острови“.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека рускиот заменик министер за надворешни работи Рибаков истакна дека судбината на Договорот за уништување на ракетите со среден и краток дострел е во рацете на САД.

Руската новинска агенција „ТАСС“  истакнува дека американскиот конгрес,  ќе обезбеди извештајот на јавниот обвинител Мулер во врска со интервенцијата на Русија врз изборите во САД да се објави во јавноста.



Слични вести