Странски печат 11.01.2019

Еве неколку од денешните наслови од странските средства за информирање...

Странски печат 11.01.2019

Либанскиот весник „Ал Хајат“: Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со прогласување на вонредна состојба.

Дневниот независен арапски весник кој се објавува во Велика Британија „Ал Кудс Ал Араби“: Поранешниот туниски министер приговори на критиките на некои парламентарци, упатени до Турција и Катар.

Повторно весникот Ал Кудс Ал Араби: Зариф одговори на изјавата на Помпео: САД секаде онаму каде што влегуваат носат хаос.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Боливискиот претседател Ево Моралес во март ќе допатува во Анкара. Моралес ќе се состане со својот турски колега Ердоган.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Николас Мадуро положи заклетва во Венецуела и ќе управува со земјата до 2025 година. Мадуро рече: Ние сме вистинска демократија“.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Нејмар за да би се вратил во Барселона, пет пати стапи во комуникација со управата на клубот. Нејмар кој игра за Париз Сен-Жермен и се молеше на управата на клубот Барселона, да дозволи да се врати.

Францускиот весник „Ле Монд“: Армијата на САД почна да ја повлекува воената опрема од Срија.

Францускиот весник „Либерасјон“: Мајк Помпео усмерува кон формирање на Арапско НАТО, против Иран.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Во Либија време на повторна изградба за Бенгази.

Руската новинска агенција „ТАСС“: САД и покрај дискусиите со Турција по прашањето на Курдите, се спремаат за повлекување војска од Сирија.

Руската новинска агенција „Риа Новости“: Руската кошаркарска екипа Кимки во Евролигата Туркиш Ерлајнс, поразена од Анадолу Ефес.

Руската новинска агенција „Интерфакс“: Русите во 2019 година ќе можат да посетат 119 земји, без виза.

Германскиот весник „Ди Велт“: Зголемен извозот на оружје од Германија за Турција и Саудиска Арабија.

Интернет страницата на германскиот портал „Шпигел Онлајн“: Министерството за внатрешни работи: Во Германија му се прифаќа обраќањето за азил на еден од секои двајца Турци кои ќе се обратат.

Германската телевизија „АРД“: Меркел во официјална посета на Грција.

Германскиот економски весник „Ханделсблат“: Од падот и посакупавњето на пазарите профитира златото. Продолжува ралито во цените.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Во Германија кај една од секои две кокошки утврдени бактерии кои стануваат причина за пролив.

 

 



Слични вести