Странски печат 10.01.2019

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 10.01.2019

Саудиско-британскиот весник Алшарк Алавсат објави веста под наслов Турција и Русија се сомневаат во повлекувањето на САД од Сирија.

Арапскиот дневен весник „Алкудс Алраби“ кој се објавува во Британија објави вест под наслов „Турција подготвува обвинителен акт против убијците на саудискиот новинар Џемал Кашикчи кој беше убиен во амбасадата во Истанбул“. Саудиецот Ал Кахтани и натаму продолжува да се крие.

Либанскиот весник „Ал хајат“ истакнува дека официјален Багдад објави соопштение во кое беше потенцирано дека Иран е најголема закана за регионот.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ објави вест под наслов „Делумната самотија на Мадуро: Шпанија соопшти дека нема да испрати претставник на церемонијата на свечено полагање на заклетвата“.

Аргентинскиот весник „Кларин“ објави вест под наслов „кубанскиот министер за надворешни работи во врска со протерувањето на кубанските здравствени работници од Бразил рече дека беа жртва на политичка манипулација“.

Шпански „Ел паис“ објави вест под наслов „Еколозите поволно се изјаснија по преземените едномесечни мерки во центарот на Мадрид. Намалувањето на сообраќајот е добро решение за почист воздух“ се истакнува во веста.

ТВ-канал АРД истакнува дека владата даде ветување за поддршка на семејствата со пониски примања.

„Стерн“ истакнува дека Франк Рибери го посетил ресторанот на познатиот турски месар Нусрет Ѓокче каде што јадел од специјалитетот Голд стик.  Кој е Нусрет Ѓокче во чиј ресторан јадат месо сите познати личност и во светот?

Весникот „Билд“ објави вест под наслов „До петок ќе врне снег и тоа без прекин“.

Истоимениот весник во една друга веста истакнува дека Авганистан авганистанскиот злосторник кого го протера од земјата, го екстрадираше на Германија.

Германскиот економски весник „Ханделсблат“ објави вест под наслов „Германската индустрија бара да се следи поостар став кон Кина“.

Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави веста под наслов „Предупредувачкиот штрајк започна на три аеродроми“.

Француски „Ле Монде“ објави веста под наслов „Доналд Трамп нема да направи никакви отстапки во врска со безбедносниот ѕид по должината на границата со Мексико“.

„Ле Фигаро“ ја објави веста дека Ким Јонг-ун даде ветување дека на средбата со Трамп ќе се постигне резултат.

„Ле Монде“ истакнува дека „Франција го болкираше буџетот на ОБСЕ за 2019“.

Руски „Риа новости“ истакнува дека обвинетите за атентатот на поранешниот амбасадор на Русија во Анкара, ги одбиваат обвиненијата.

„Лента.ру “  истакнува дека Ердоган објави војна на пластичните кеси.

Агенцијата „ТАСС“ истакнува дека во терористичкиот напад кај Еуфрат беа убиени 5 британски војници.



Слични вести