Странски печат 08.01.2019

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 08.01.2019

Ел паис истакнува дека Брисел ги укинува виртуелните граници за укинување на дигиталната трговија во ЕУ.

Ла вангуардиа истакнува дека Високиот суд планира првите три дена во неделата да ги посвети на судските постапки од 1 октомври.

Пренса латина истакнува дека кубанскиот претседател Мигуел Диас-Канел на 10-ти јануари ќе ја посети Венецуела.

Bıld истакнува дека обилните врнежи снег и снежните виулици неповолно се одразуваат врз секојдневниот живот.

Шпигел ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој во врска со повлекувањето на САД од Сирија рече дека Трамп донел праведна одлука.

Зидојче цајтунг истакнува дека Турција бара да преземе предводничка улога во постигнувањето на мирот во Сирија.

Ле фигаро истакнува дека со повлекувањето на САД, воениот ангажман на Франција во Сирија почна да ја губи моќта.

Ле монд истакнува дека по признавањето на воената соработка со Израел, Египет падна во тешка ситуација.

Алшарк Алавсат истакнува дека Турција остро реагираше на американскиот Сајкс-Пико на источната страна на Сирија.

Елхајат ја објавува изјавата на американскиот претседател Трамп кој рече дека повлекувањето на САД од Сирија ќе биде претпазливо и ќе продолжи борбата против ДЕАШ.

Алкуидс ја објавува изјавата на претседателот Ердоган кој рече дека Турција е единствената земја која што истовремено ќе може да соработува со САД и Русија во Сирија.

Спутник истакнува дека во врска со ситуацијата и случувањата во Идлиб, амбасадорите на Русија и Иран во Анкара беа повикани на консултации во МНР. Имено Анкара е револтирана од напредувањето на силите на сириската влада во Идлиб, кое подрачје во рамките на преговарачкиот процес Астана Русија, Иран и Турција беа земји гаранти за прогласување на безконфликтна зона. Поради тоа амбасадорите на Русија и Иран во Анкара беа повикани на консултации во МНР.

Инернет сајтот Туркрус истакнува дека вечерва во Москва Фенербахче ќе биде гостин на Кимки и билетите се пуштени во продажба. Москва е домаќина на кошаркарската екипа на Фенербахче.  Вечерва во рамките на 17-то коло на квалификациони натпревари на Европската лига, кошаркарската екипа на Фенербахче ќе игра против екипата на Кимки.



Слични вести