Странски печат 07.01.2019

Еве ги позначајните денешни наслови во странските средства за информирање...

Странски печат 07.01.2019

Француски „Ле Фигаро“: „Според извештајот на Обединетите нации (ОН), криумчарите со луѓе не ја добиваат заслужената казна.

Еден друг француски весник „Ле Паризиен“: Педофилија во црквата: Архиепископот на Лион кардинал Филипе Барбарин ќе биде изнесен пред суд, поради тоа што не ги пријавил случаите со сексуелен напад врз децата.

Францускиот весник „Ле Монд“: Француската влада на испит пред движењето на жолтите елеци и случаите на насилство.

Германски „Дојче Веле“: По хакерскиот напад полицијата врши пребарување по домовите.

Германската телевизија „АРД“: Убиен Џамал Ал Бадави, терористот на Ал Каеда.

Германски „Дојче Веле“: Предупредувачки штрајк на аеродромите во Берлин.

Германскиот весник „Ханделсблат“: Семејните фирми ја сметаат Германија за помалку привлечна.

Руската Новинска агенција „Риа Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин го дочека Божиќ во катедралата „Соборот на Господовото преображение“ во Санкт Петербург. Во веста на Новинската агенција се истакнува дека православните христијани во Русија на 7 јануари го слават Божиќ, денот на Христовото раѓање, поради што во сите цркви во Русија се одржуваат литургии. Новинската агенција информира дека рускиот претседател Владимир Путин бил крштеван во оваа катедрала.

Руската Новинска агенција „ТАСС“: Братот на еден американски граѓанин кој е уапсен во Русија тврди дека неговиот постар брат не би можел да е шпиун. Според она што го вели Дејвид Велан, неговиот постар брат привлекувал толку многу внимание што не би можел да е шпиун.

Рускиот весник „Спутник“: Бартоломеј го предаде на Украинската православна црква указот „Томос“ со кој што се стекна со автокефалност. Спутник напиша дека, во Грчката патријаршија во Фенер во Истанбул беше одржана литургија по повод предавањето на документот наречен „Томос“. По литургијата на која учествуваа и украинскиот претседател Петро Порошенко, претседателот на украинскиот Парламент, Врховната Рада, Андреј Парубиј и министерот за економски развој Степан Кубив, Бартоломеј му го предаде указот „Томос“ на архиепископот на Украинската православна црква Епифаниј Думенко.

Арапскиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, повлекувањето на САД од Сирија го обуслови со победата на ДЕАШ и безбедноста на Курдите.

Арапски „Ал Кудс Ал Араби“: Младата девојка од Саудиска Арабија поради страв дека може да биде убиена не сака да се врати од Бангкок, во својата земја

„Ал Џезира“: Тешки прашања од „CBC“ (Си-Би-Си): „Дали сте воен диктатор?“

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Годината на избори го тестира лидерството на Пабло Иглесиас, во неговата партија Подемос.

Шпански „Ел Мундо“: Педро Санчез ги смирува бароните: На 26 мај нема да има избори.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Во Шпанија ќе нема покачување на платите за средната класа граѓани, и во 2019 година.

 



Слични вести