Странски печат 04.01.2019

Еве ги позначајните денешни наслови од странските средства за информирање...

Странски печат 04.01.2019

Германски „Дојче Веле“: Турција и Ирак ќе соработуваат против тероризмот.

Германскиот весник „Хандеслблат“: Годишната инфлациона стапка во Турција спротивно на очекувањата, опадна.

Германски „Билд“: Епл за еден ден изгуби 75 милијарди долари.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската влада ќе побара од Ватикан дозвола за вадење на посмртните останки на поранешниот шпански диктатор Франко, од неговиот гроб.

Шпански „Ел Мундо“: Новиот бразилски претседател Жаир Болсонаро започнува лов на „комунисти“.

Шпански „Пренса Латина“: И покрај агресивноста, Венецуела е спремна за соработка со Колумбија.

Арапскиот весник „Ал Шарк Ал Авсат“: Турските безбедносни сили за борба против тероризмот во градот Бурса притворија 12 лица меѓу кои и две жени Французинки, по кои се трага поради поврзаност со ДЕАШ.

Арапски „Ал Хајат“: Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант истакна дека благодарение на поддршката на Русија сирискиот претседател Бешар Асад (уште за извесно време) ќе остане на власт, но дека Велика Британија него се уште го оценува како препрека пред воспоставувањето на трајниот мир.

Арапски „Алмуатакбал“: Помпео и Нетанјаху ветија дека ќе ја продолжат соработката по прашањата на Сирија и Иран.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Жолтите елеци велат дека владата ги заострува  своите изговори.

Француски „Ле Монд“: Она што се знае во врска со процесот на терористот Петер Шериф.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Гугл во 2017 година во Бермуда пренесе приближно 20 милијарди евра.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Јапонскиот премиер Шинзо Абе вети дека ќе ги поддржува преговорите помеѓу Русија и неговата земја, по прашањата на постигнување мировен договор и решавањето на територијалниот проблем.

Рускиот портал „Лента“: Членот на германскиот Федерален Парламент, Бундестагот, Дирк Виесе истакна дека се предвидува оти ќе дојде до влошување на односите со Русија.

 



Слични вести