Странски печат 03.01.2019

Еве ги позначајните наслови од странските средства за информирање...

Странски печат 03.01.2019

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската црква не дозволи да бидат извадени од спомен гробот посмртните остатоци, коските, на диктаторот Франко каде што е погребан во 1975 година. 

Еден друг шпански весник „Ел Мундо“: Половината од електоратот на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) бараат во Каталонија да се применува членот 155 од Уставот.

Шпанскиот весник „Ел Меркуро“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вети дека со САД ќе водат заедничка борба против авторитарните режими.  

Арапскиот весник „Ел Хајат“: Вашингтон: Повлекувањето на САД од Сирија нема да влијае на поддршката на Израел.

Еден друг арапски весник „Елријад“: Трамп: Не ми е гајле за мојата популарност во Европа.

Арапскиот весник „Алкудс Алараби“: Безбедносна делегација на САД денеска во Турција ќе разговара за екстрадицијата на Ѓулен.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Во Бразил на власт нова влада за спас од социјализмот.

Повторно француски „Ле Фигаро“: Европа која е напуштена од страна на САД, новата година ја започна со недоверба и несогласување. 

Францускиот весник „Ле Монд“: Каде се изјавите со поддршка на Западот до христијаните на Истокот.  

Германски „Еуроњуз“: Новите видео снимки покажуваат како мртвото тело, трупот на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) во куфери се носи во резиденцијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Германскиот економски весник „Дојче Виртшафтнахрихтен“: Ердоган ги намалува цените на природниот гас, ја зголемува минималната плата.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Трамп, распаѓањето на поранешниот Сојуз на Советските Социјалистичи Републики (СССР) го поврза со влезот на Советските единици во Авганистан.

Рускиот весник „Известија“: Американски експерти го објавија списокот на најопасните умни мобилни телефони. Списокот е подготвен земајќи ја за основа вредноста SAR која ја покажува количината на штетните влијанија на умните мобилни телефони врз луѓето.

Еден друг руски весник „Риа Новости“: Претседателот на финансискиот суд на Русија Алексеј Кудрин соопшти дека реалниот раст во руските приходи во 2018 година не изнесува повеќе од 0,4 отсто. Во месец октомври 2018 година официјалната прогноза изнесуваше 3,4 отсто.

 



Слични вести