Странски печат 02.01.2019

Еве ги позначајните наслови кои што се објавени или емитувани во странските средства за информирање...

Странски печат 02.01.2019

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Помпео, му даде гаранција на Израел по прашањето на американската поддршка.“

Француски „Ле Паризиен“: „За што се уште вреди Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)“.

Француски „Ле Монд“: 3 реформи со висок ризик во првата четвртина на 2019 година во Франција“.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Американскиот претседател Доналд Трамп и новиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на церемонијата на примо-предавање на должноста која стана сцена на ултрадесничарско примо-предавање, покажаа дека се во сојуз. На церемонијата освен премиерите на Израел и Унгарија и американскиот државен секретар, учествуваа уште илјадници други поканети гости.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во градот Екстремадура во Шпанија еден воз поради технички дефект остави на пат, на полноќ, 180 работници.

Шпански „Ел Паис“: Шпанија, и покрај ембаргото на Европската унија ги модернизира тенковите на Венецуела. Шпанската влада ја одобри модернизацијата на тенковите на Венецуела од што ќе бидат обезбедени 20 милиони евра.

Германски „Дојче Веле“ на турски јазик: По остварената посета на германскиот министер за економија Петер Алтмаер на Турција во месец октомври, се започнати работите за надминување на присутните проблеми и искористување на можностите за соработка помеѓу Турција и Германија. 

Германското списание „Стерн“: Турција проодлжува да испраќа дополнително оружје на границата со Сирија.

Германската телевизија „АРД“: Едно лице, непријателски настроено кон странците, во градот Ботроп со своето возило влета меѓу патници мигранти. 

Рускиот весник „Известија“: Го видовме она зад хоризонтот: Новите руски оружја го надминаа времето. 2018 година стана година на руското оружје. тајните системи за кои што се мислеше дека се легенда, веќе се реалност.

Руската Новинска агенција „ТАСС“: И покрај реакциите на американската администрација, НАСА се подготвува за посетата на претседателот на Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос) Дмитриј Рогозин.

 



Слични вести