Странски печат 28.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 28.12.2018

Француската новинска агенција „АФП“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го убеди американскиот претседател Доналд Трамп дека Турција самата ќе ги исчисти останатите области каде што ја има терористичката организација ДЕАШ во Сирија и дека претседателот Ердоган беше во сериозен степен влијателен во донесената одлука за повлекување на некаде околу 2 илјади американски војници од Сирија.

Геерманската агенција „ДПА“: Турција продолжува да ги испраќа своите воени единици на границата со Сирија, пред операцијата што ќе ја започне против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Германскиот весник „Дер Шпигел“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Турција. Белата куќа одговори позитивно на поканата на Анкара. 

Британската новинска агеницја „Ројтерс“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најверојатно ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин за разгледување на прашањето за повлекување на САД од Сирија.

Рускиот весник „Росијскаја Газета“: Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, рече дека Анкара би можела да купи противвоздушно одбранбен ракетен систем Патриот од Вашингтон, но дека тоа нема да влијае на нејзините планови за купување на противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 од Русија.  

Австрискиот весник „Виенер Цајтунг“: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Франција да не ја поддржува сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

Иранската новинска агенција „ИСНА“: Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, остро и се закани на сириската влада и рече: „Во случај да бидат нападнати турските војници распоредени на набљудувачките пунктови во Идлиб ќе им го урнеме светот на глава.“

Руската новинска агенција „Риа Новости“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган формирањето на Вселенската станица на Турција го окарактеризира како историски чекор и додаде дека со тоа Турција ќе се искачи на врвните позиции во сферата на вселенските и технолошките истражувања.“

Грчкиот интернет веб портал Инг.гр: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека втората кула за сондажа што ја купи Турција во јануари ќе почне да реализира дупчење во Медитеранот, а не во Црното Море.

Јапонскиот весник „Нихон Кеизаи Шимбун“: Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека бројот на странските туристи кои ќе ја посетата Турција во следната 2019 година, се очекува да достигне до 50 милиони, што претставува за три пати поголем број странски туристи кои ја посетија земјата во 2017 година.

 



Слични вести