Странски печат 21.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 21.12.2018

Британската новинска агеницја „Ројтерс“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изјави дека Турција секој момент би можела да започне нова воена операција во Сирија и дека Белата куќа има позитивен приод кон плановите на Анкара за напредување кон подрачјата на кои што досега не реализира воена операција.

Иранската новинска агенција „Мехр“: Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Во наредните денови ќе се состанеме со функционерите на Иран, Авганистан и Пакистан со кои ќе го разгледаме прашањето со илегалната миграција.“

Кинеската новинска агенција „Ксинхуа“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција планира да купи од САД 120 воени авиони невидливи за радари.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“: Американскиот државен секретаријат и предложи на Турција да и продаде противвоздушни одбранбени системи Патриот во износ од 3,5 милијарди долари.

Руската новинска агенција „Риа Новости“: Портпарот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руско-турскиот договор во врска со испораката на ракетните системи С-400 предвидува Анкара да не споделува извесни информации со други земји и дека Москва во тој контекст има доверба во своите турски партнери.

Истата руска новинска агенција „Риа Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Турција додека од една страна ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, од друга страна следи независна надворешна политика и дека тоа треба да се цени.

Иранската новинска агенција „Мехр“: Турција и Иран фрлија потпис на два договори за зголемување на меѓусебната соработка и своите односи. Помеѓу Анкара и Техеран беше потпишан договор за соработка во сферата на здравството и лекувањето, а освен тоа беше потпишан и меморандум за разбирање во сферата на комуникацијата и медиумите.

Геерманската агенција „ДПА“: Турција ги интензивира подготовките за реализација на операција против сепаратистичко-терористичката организцаија ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.

Кинескиот интернет портал „Ксинланг“: Министерката за трговија Рихсар Пекџан истакна дека Турција ја доби тужбата што ја покрена во Светската трговска организација (СТО) во врска со воведените дополнителни даноци за челикот и алуминиумот, од страна на САД. 

Радиото „Глас на Америка“: Во период кога Турција се подготвува за операција против терористите во северниот дел на Сирија американскиот претседател Доналд Трамп ја информира Турција дека ќе ги повлече американските војници од Сирија.

Британскиот весник „Фајненшл Тајмс“: По одлуката на САД дека ќе се повлечат од Сирија турската лира доби 1,3 насто вредност.

 



Слични вести