Странски печат 14.12.2018

Еве ги позначајните вести за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција...

Странски печат 14.12.2018

Кинеската новинска агенција „Ксинхуа“, соопшти дека според податоците објавени на 10 декември од страна на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) турската економија во третата четвртина од оваа (2018) година во споредба со истиот период (третата четвртина) минатата (2017) година оствари раст од 1,6 отсто.

Шпанската новинска агенција „Еурoпа Прес“, информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на 10 декември во понеделник, а по повод одбележувањето на 70 годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација на Обединетите нации (ОН) за човекови права, нагласи дека „никој не може да и држи лекција“ на неговата земја (Турција) по прашањата на демократијата, човековите права и слободите.  

Германската медиумска куќа „Дојче Веле“, јави дека Турција од нова година преминува на користење на најлонски ќесиња со наплатување, а со цел намалување на користењето на пластичните ќесиња во земјата, во рамките на борбата против загадувањето на животната средина.

Британската новинска агеницја „Ројтерс“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека било разговарано со Обединетите нации (ОН) во врска со прашањето за истражување на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). 

Азербејџанската новинска агенција „Тренд“, соопшти дека во дадената изјава од кабинетот на претседателот на Турција за новинската агенција, се нагласува дека Ерменија за нормализирање на односите со Турција треба да ги напушти териториите на Азербејџан кои што ги држи под окупација.

Иранската новинска агенција „Мехр“, јави дека потпретседателот Фуат Октај побарал од САД да покажат почит кон напорите кои што ги води Анкара по прашањето на борбата против тероризмот и истакнал дека тоа е неопходно за одржување на сојузништвото помеѓу двете земји.

Руската новинска агенција „Риа Новости“, соопшти дека руските метеоролози ќе им помогнат на своите турски колеги во производството на атомски часовник кој што врши крајно прецизно мерење на времето. Проектот ќе се реализира за Националниот метеоролошки институт на Турција (ТУБИТАК УМЕ), а од страна на Рускиот метеоролошки институт за техничка физика и Институцијата на радио инженерството на Русија (ВНИФТРИ).

Азербејџанската новинска агенција „АзерТак“, информира дека азербеџјанскиот претседател Илхам Алиев ја примил делегацијата предводена од министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли. На приемот било нагласено дека на 11 декември во Баку ќе се одржи Бизнис форум на азербејџанските и турските бизнисмени кои работат во сферата на земјоделството и дека тоа ќе биде значајно од аспект на проширувањето на соработката.

Италијанската новинска агенција „АНСА“, соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најави дека за неколку дена ќе биде започната нова  воена операција во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија.

 



Слични вести