Странски печат 30.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 30.11.2018

Иранската новинска агенција „ИРНА“, соопшти дека четвртиот состанок на Турско-катарскиот комитет за висока стратешка соработка се состана во Истанбул со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и емирот на Катар Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, на кој страните се договорија за продолжување на воената соработка.

Американскиот информативен канал „Блумберг“, информира за изјавата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека Турција ќе ги фрли неопходните чекори по прашањето на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која поддржана од САД окупира некои области во Сирија.

Руската новинска агенција „Риа Новости“, им оддели место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во однос на тоа дека терористичката организација ДЕАШ претставува проект на извесни мрачни средини за заплашување на светот.  

Како што соопшти американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“, Турција истакна дека Црното Море треба да биде море на мирот и упати повик до Русија и Украина за решавање на меѓусебните недоразбирања по пат на дијалог.

Британската новинска агеницја „Ројтерс“, информира во врска со изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој рече дека саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман доставил барање за средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и истакна дека моментално не постои било каква причина за неодржување на оваа средба. 

„Радиото Глас на Русија“, соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати критики на тоа што Европа остана безгласна пред протестите и насилството на полицијата во Франција. Ердоган рече: „Во моментов во Париз се одржуваат протести. Дали се слуша одреден глас од меѓународните медиуми? Не! Светот е безгласен, никако не го гледа Париз. Зошто не го гледаат тоа? Не сакаат да бидат оцрнети тие. Сакале или не, светот тоа го следи.“ 

Како што информира руската новинска агенција „Риа Новости“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека е на страната на поголема употреба на националните валути во трговијата со другите земји.

Француската новинска агенција „АФП“, соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава во вторникот предупреди против „секој вид несовесно однесување“ на Кипар. Ердоган рече: „Несовесните однесувања на Грција која зема зад себе некои европски земји и на Кипарско-грчкиот дел кој делува заедно со неја, се дојдени во состојба на извор на закана и опасност, пред се против самите нив“.

Иранската новинска агенција „ИРНА“, ги објави изјавите на портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, кој истакна дека во Турција продолжува истрагата во врска со убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), но дека Саудиска Арабија е обврзана да го расветли ова убиство.

Француската новинска агенција „АФП“, јави дека на улицата на која ќе се пресели Амбасадата на САД во Анкара, и е дадено името поборникот за човекови права „Малколм Икс“, 

„Радиото Глас на Америка“ соопшти дека, во извештајот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон е внесена констатацијата дека Турција е значаен партнер во производството на борбените авиони Ф-35. 

 



Слични вести