Странски печат 23.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 23.11.2018

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, им оддели место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во врска со Селахаттин Демирташ не е обврзувачка.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го достави до високите функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, барањето за испорачување во Турција на лицата поврзани со Фетулахистичката терористичка органзиација (ФЕТО). 

Британската ноцинска агеницја „Ројтерс“, јави дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција не е целосно задоволна од соработката што ја презентира Саудиска Арабија по прашањето на убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Руската новинска агенција „Интерфакс“, информира дека министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција го комплетира договорот со Русија за противвоздушно одбранбениот ракетен систем С-400 и дека договорот нема да биде откажан.

Кинескиот весник „Ренмин Рибао“, напиша дека кинеската авиокомпанија Сечуан почнувајќи од 1 мај идната година планира да реализира директни авионски летови од градот Ченгду до Истанбул и дека неделно ќе се реализираат по 4 летови во два правци. 

Францускиот весник „Ле Монд“, истакна дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак укажа на тоа дека се одбиени нападите врз турската економија и дека економијата бележи брз раст.

Рускиот весник „Комерсант“, напиша дека заврши изградбата на делот од проектот Турски тек кој што поминува под морето и преку кој рускиот природен гас преку Црното Море и територијата на Турција ќе се испорачува во Европа. На величествената церемонија што се одржа по тој повод учествуваа заедно претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Руската новинска агенција „Риа Новости“, информира за изјавите на портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, кој истакна дека Русија и Турција со воспоставување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб во Сирија ја спречија тамошната човечка трагедија.

Иранската новинска агенција „Фарс“, јави дека претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим ги критикуваше економските притисоци на САД врз Иран и рече дека ваквите иницијативи ќе влијаат негативно на ситуацијата во регионот на Западна Азија.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“, информира дека портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, беше запрашан за тоа дали претседателот Ердоган ќе се состане со саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман на претстојниот самит на Г-20 што ќе се одржи во Аргентина. Притоа Калин рече: „Ја разгледуваме програмата, тоа е можно.“

Во Русија „Радиото Глас на Русија“, информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и со членот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) одговорен за проширување Јоханес Хан кои по повод Состанокот за политички дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ престојуваа во посета на Анкара. Притоа Чавушоглу истакна дека борбата против тероризмот е значајна за сите страни и рече: „Очекуваме конкретна поддршка од Европската унија (ЕУ) и во борбата против тероризмот.“

 



Слични вести