Странски печат 16.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 16.11.2018

Радиото Глас на Русија, соопшти дека на 19 ноември ќе биде завршена изградбата на делот од проектот на гасоводот Турски тек кој што ќе поминува под морето, а со кој рускиот природен гас преку Црното Море и територијата на Турција ќе се испорачува во Европа. На церемонијата што ќе се одржи по повод свеченото отворање во Истанбул, на која домаќин ќе биде претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“, ги објави изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи кој рече дека Турција е ефтина, брза и логична маршрута во однос на доставувањето на природниот гас од Источниот Медитеран до пазарите. Меѓутоа Акинџи напомена дека пред да се прават вакви планови првенствено треба да се постигне соодветен мировен договор на Кипар и рече: „Секој би можел да профитира од тоа.“ 

Катарсккиот телевизиски канал „Ал Џезира“, им оддели место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека аудио снимките во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) им ги  дале да ги преслушат на сите земји кои ги побарале, додека саудискиот разузнавач кога ги преслушал снимките бил шокиран. 

Иранската новинска агенција „Фарс“, соопшти дека Турција ќе ја зголеми за два пати помошта на Вооружените сили на Киргистан. Турција им доставува помош на Вооружените сили на Киргистан во машини, индустриски уреди и здравствени производи како и други средства и алати и финансиска помош.

Француската новинска агенција „АФП“, информира дека Турција соопшти дека меѓународната заедница не успеа да се обедини по прашањето на разрешување на политичката криза во Либија и истакна дека се повлекува од конференцијата за Либија што се одржа во Италија.

Австрискиот весник „Кронен Цајтунг“, напиша дека некои интелектуалци во Европа се на ставот дека треба да и се заблагодари на Турција која прими приближно 3 милиони 600 илјади бегалци од Сирија и која се обидува да им помогне на овие луѓе колку што може.

Иранската новинска агенција „ИРНА“, им оддели место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека Турција е против санкциите кои што САД ги спроведуваат врз Иран и дека овие санкции не ги смета за правилна иницијатива.

 



Слични вести