Странски печат 02.11.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 02.11.2018

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес (АП)“ ги објави изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Турција ги подготви плановите за „обемна и ефикасна“ операција против сепаратистичко-терористичката организцаија ЈПГ/ПКК источно од реката Еуфрат во Сирија, а која инаку е поддржувана од страна на САД.

Британската новинска агенција „Ројтерс “јави дека воените единици на Турција и САД во четврток, вчера, го започнаа заедничкото патролирање во подрачјето на Менбич во Сирија.

Германскиот весник „Берлинер Цајтинг“ информира дека главниот јавен обвинител на Истанбул изјави дека саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) според однапред подготвен план бил убиен со тоа што откако влегол во Генералниот конзулат бил веднаш задавен, а неговото тело било распарчено и уништено.

Руската новинска агенција „Риа Новости“ јави дека портопаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик изјави дека убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги) не претставува акт кој што би бил извршен без да се добие наредба за тоа на високо ниво.

Босанскиот весник „Дневни Аваз“ истакна дека на Аеродромот Истанбул кој ќе биде најголемиот аеродромот на светот беше свечено отворен од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 29 октомври, одбележувањето на 95-годишнината од формирањето на Република Турција. Весникот напиша дека аеродромот Истанбул се очекува во првата етапа да услужува 90 милиони патници годишно.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ ги објави изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој истакна дека 260 илјади сириски граѓани се вратиле во своите домови во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.

Кинеската новинска агенција „Ксинхуа“ соопшти дека Турција почна да развира свој национален систем за противвоздушна ракетна одбрана од долг дострел.

Грчкиот весник „Трибуна“ напиша дека турскиот брод „Фатих“ ги започна работите за дупчење во Источниот Медитеран.

Иранскиот информативен орган „ИСНА“ соопшти дека министрите за надворешни работи на Иран, Турција и Азербејџан по одржаниот троен состанок во Истанбул фрлија потпис на заедничка декларација во која се бара да се осудат едностраните санкции кои што ги попречуваат односите меѓу земјите.

Кинескиот весник „Хуангуи Шибао“ информира дека најголемата компанија за цемент на Тајван „Тајван Цемент“ со инвестиција во износ од 1,1 милијарда долари ќе формира заедничка инвеститорска фирма во Турција.

 



Слични вести