Странски печат 19.10.2018

Еве ги позначајните случувања за кои пишуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 19.10.2018

Иранската новинска агенција „Фарс“ истакнува дека министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар во изјавата за печатот на 15.10.2018 понеделник рече дека наскоро ќе започне заедничкото патролирање со САД во сириското подрачје Мунбич.

Руската новинска агенција „Риа Новости“ ја објавува изјавата на рускиот потпретседател Јуриј Ушаков кој рече дека наскоро се очекува да се одржи квартален самит меѓу лидерите на Русија, Франција, Германија и Турција.

Азербејџанската новинска агенција Сес ја објави изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој рече дека нема да биде доволно чистењето на Мунбич од терористите потенцирајќи дека треба да се исчисти и подрачјето источно од реката Еуфрат. Обврската на САД се состои токму од чистењето на ова подрачје, рече Чавушогу.

Руската новинска агенција „Риа новости“ ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу кој рече дека согласно руско-турскиот договор процесот на повлекувањето на тешкото оружје од подрачјето кое беше разоружено од оружјето во Идлиб помина без проблеми.

Руската новинска агенција „Спутник“ ја објавува изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека согласно договорот меѓу Русија и Турција постигнат во Сочи се спроведува имплементацијата на предлогот за формирање разоружени демилитаризирани зони во Идлиб и дека Анкара се обидува да ја разубеди опозицијата.



Слични вести