Странски печат 05.10.2018

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 05.10.2018

„Радиото Глас на Русија“ ја објави изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека договорот што беше постигнат со Русија спречи голем бран на миграции.

Австрискиот весник „Ди пресе“ истакна дека по посетата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Германија, германската технолошка компанија Сименс ќе инвестира нови инвестиции во Турција. Компанијата планира новото производство на медицински помагала да го оствари во Турција.

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ (АП) објави информација под наслов: „Во текот на месецов се очекува Турција и САД во Мунбич на северот на Сирија кој град има мошне стратешко значење, да започнат со заеднички патроли.“

Италијанската новинска мрежа „АНСАмед“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со Сирија кој рече дека во втората половина на октомври во Истанбул ќе се оствари средба меѓу лидерите н Турција, Русија, Франција и Германија.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ во информацијата посветена на економскиот раст на Турција како резултат на преземените мерки истакнува дека голема радост предизвикаа бројките за извозот на Турција во септември.

Руската официјална новинска агенција „Риа новости“ ја објави изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека вклучувајќи ја и соработката во одбранбениот сектор, Турција има силна желба да ги зајакне односите со Русија и дека ќе се надминат сите евентуални провокации насочени против нашата соработка.

Француската новинска агенција „АФП“ истакнува дека најголемата џамија на Европа во германскиот град Келн беше отворена со учество на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Изградбата на џамијата беше финансирана од страна на Унијата за верски прашања на турско исламската унија (ДИТИБ).

Германската медиумска куќа „Дојче веле“ истакнува дека по претседателските избори на 24 јуни и преминот кон претседателскиот систем, започна со работа Големото национално собрание на Турција според новиот систем.

Кинеското интернационално радио (ЦРИ) ја објавува изјавата на Волкан Бозкир претседателот на комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција кој рече дека Камбоџа донесе одлука за отворање амбасада во Анкара и почна да работи на плановите на тоа поле.



Слични вести