Странски печат 14.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 14.09.2018

Германската новинска агенцијка „ДПА“ информира дека осомничениот извршител на бомбашкиот терористички напад во 2013 година во населеното место Рејханли кај градот Хатај е фатен во Сирија со реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба на Турција МИТ. Лицето кое е фатено во сирискиот град Латакија призна дека наредбата за нападот ја добил од разузнавачката служба на сирискиот режим.

Американската новинска агенција „АсошиетедПрес“ истакна дека Турција ја бојкотира конференцијата на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) во главниот град на Полска Варшава поради врските на оваа организација со терористичките групи кои водат активности против Турција. 

Француската новикнска агенција „АФП“ соопшти дека по одлуката на САД за затворање на претставништвото на Палестина во Вашингтон Турција објави соопштение во кое истакна дека оваа одлука е показател за тоа дека американската управа ја изгуби својата непристрасност.

„Радиото Глас на Русија“ истакна дека одлуката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со заштитата на вредноста на турската лира е објавена во Службениот весник и дека според оваа одлука во купопродажбите на недвижен имот и хартии од вредност и при нивно изнајмување наместо девизи веќе ќе се користи турската лира.

Германската медиумска куќа „Дојче Веле“ соопшти дека според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) просечната старост во Турција изнесува 78 години и овој просек изнесува над просекот во Европа.

Американскиот меѓународен информативен канал „СНН“ информира дека во ископувањата кои што се реализираат во градот Ѓумушхане на длабочина од 50 сантиметри под земјата се пронајдени предмети од римскиот период стари две илјади години.

Британската новинска агенција „Ројтерс “јави дека Турција и Судан потпишаа договор за пребарување на нафта од страна на Турција во оваа земја во вредност од 100 милиони долари и за реализирање на инвестиции од страна на турските фирми во земјоделството во оваа земја на површини од илјадници квадратни километри.

Кинеската официјална новинска агенција „Ксихнуа“ соопшти дека турската економија во втората четвртина од годината оствари раст од 5,2 насто  со што извозот и туризмот презентираа силен перформанс и обезбедија позитивен придонес за растот во втората четвртина од годината.

„Радиото Глас на Русија“ истакна дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги предупреди Русија и режимот на Бешар Асад по прашањето на тоа дека евентуалната реализација на било каква воена операција врз подрачјето на градот Идлиб во Сирија ќе го води кон катастрофа ионака проблематичниот регион.



Слични вести