Странски печат 07.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 07.09.2018

Кинескиот информативен портал „Хуитонг Ванг“ ги објави изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека Турција ќе го напушти доларот во трговијата која што ја реализира со Русија и со другите земји. Русија исто така, според овој информативен портал, соопшти дека е точно време да се премине во акција за спасување од доларот како средство на плаќање меѓу земјите и за барање на алтернативни решенија.

Британската новинска агенција Ројтерс информира дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека економските чекори кои што ги фрлаат САД се дојдени до точка која што не ќе биде во полза на американската држава и американскиот народ.

Според американскиот меѓународен информативен канал СНН, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес-конференција со својот грчки колега Никос Коѕијас во Измир истакна дека и покрај тоа што Турција и Грција повремено доживуваат денови пропратени со бура, дијалогот го оценуваат како средство за решение.

Гласот на Америка истакна дека претседателот на Американско-турскиот совет Ховард Бејзи изјави дека Турција е партнер за САД без кој што се не може од секој аспект, а пред се од политички, воен и економски.

Кинеското интернационално радио соопшти дека кралицата на грчката музика Деспина Ванди на 17 септември ќе се појави пред своите обожаватели на Седмиот Меѓународен фестивал по кларнет во Истанбул.

Руската новинска агенција Спутник соопшти дека руските производители на автомобили го напуштаат доларот во трговијата со Турција и преминуваат кон домашни валути.

Според информативната мрежа ЕУ-Турција, во период кога се повеќе расте заинтересираноста кај европските туристи кон Турција, се соборуваат едно по друго рекорди во туризмот во Турција.

Грчкиот весник „Демократиа“ напиша дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека Турција почна со сондажа во Источниот Медитеран и дека Анкара прашањето го разгледува со компаниите за сондажа и со Грција.

Кинеската новинска агенција Ксинхуа соопшти дека Турција поради безбедносни причини ќе применува нови правила за бродовите кои што преминуваат низ Истанбулскиот морски теснец Босфорот и морскиот теснец Чанаккале (Дарнанелите). Со оваа нова примена се има за цел да се намалат ризиците за кои што со секој поминат ден стануваат причина бродовите кои пловат низ турските морски теснеци.

Француската новинска агенција АФП информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предупреди против можноста од извршување масакр доколку режимот и неговите сојузници  започнат напад од широк обем врз градот Идлиб во Сирија.

Кинеската телевизија Си-Си-Ти-Ви соопшти дека Турција на 4 септември го зајакна своето воено присуство на границата со подрачјето на градот Идлиб. Турскиот локален печат соопшти дека турската армија е распоредена на границата на градот Хатај, дека во подрачјето се забележува тешко оружје и дека во наредните неколку дена се очекува да дојдат поголеми воени сили во подрачјето.

Британската новинска агенција Ројтерс информира дека претседателот на Турската Црвена полумесечина Кизилај Керем Киник истакна дека организацијата ги интензивира подготовките на територијата на Сирија за обезбедување на места за сместување на населението кое би било принудено да ги напушти своите домови поради евентуалната очекувана воена офанзива кон подрачјето на градот Идлиб.

Радиото Глас на Русија јави дека помеѓу работните групи на Турција и Русија се одржа состанок посветен на Сирија. Разговорите беа остварени во периодот од 31 август до 4 септември и на истите стана збор за случувањата во Сирија и регионални безбедносни прашања.



Слични вести