Странски печат 17.08.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 17.08.2018

Американската новинска агенција „Асошиетед Прес“ им оддели место на изјавите на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој истакна дека САД не можат да постигне ништо со спроведување санкции и вршење притисок врз Турција.

Руската новинска агенција „ТАСС“ информира дека портпаролот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков рече: „Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во разговорот што пред кусо време го оствари со рускиот претседател Владимир Путин не достави било какво барање за помош до својот руски колега во врска со проблемите во турската економија.“ 

Британската новинска агенција „Ројтерс“ напиша дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак упати пофалби до германскиот министер за финансии Олаф Шолц кој ги критикуваше дополнителните даноци на САД кон Турција и истакна дека тоа што германскиот министер е на страната на дипломатијата ќе ја зајакне довербата на Турција кон Германија и Европската унија (ЕУ).

Француската новинска агенција „АФП“ информира дека портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во својата објава на Твитер напиша: „Турската економија е здрава. Никој да не им верува на шпекулативните вести.“

Руската новинска агенција „Риа Новости“ јави дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган економската опсада против Турција ја окарактеризира како продолжение на обидот за државен удар.

Германскиот информативен орган „Дојче Веле“ истакна дека Катар ќе достави директни инвестиции во Турција во износ од 15 милијарди долари.

Кинеското интернационално радио истакна дека во Турција започна примената на воведените дополнителни финансиски обврски од 100 насто во увозот во земјата на некои производи по потекло од САД.

Британски „ББС“ соопшти дека се забележува голем раст во продажбата на турски лири во Британија и дека се доживуваат тешкотии во обезбедување на побарувачката за купување на турски лири, за што се забележува големa заинтересираност кај британските туристи.

Американски „СНН“ јави дека министерот за трезор и финансии Берат Албајрак оствари телефонски разговор со германскиот министер за финансии Олаф Шолц со кого постигнаа согласност да се состанат на 21 септември во Берлин.

Иранската новинска агенција „ИРНА“ информира дека Катар, Кувајт и Ирак ја поддржуваат Турција наспроти санкциите на САД.

Руската новинска агенција „Спутник“ јави дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон и дека во телефонскиот разговор стана збор за економските и трговските односи помеѓу двете земји.

 



Слични вести