Странски печат 10.08.2018

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 10.08.2018

Германскиот весник „Дер тагесшпигел“ објави веста под наслов „Летнава сезона во туристичкиот центар Анталија во Турција рекордно ниво на туристи“.

Руски „Спутник“ објави вест под наслов „Турските инженери направија дисплеј со графен основа кој има највисока резолуција на пиксели.

Руската официјална новинска агенција „Риа новости“ објави веста под наслов „Андреј Ионин членот на Руската академија за вселенски истражувања рече дека соработката на Анкара во вселенските истражувања со Русија и Кина ќе биде од голема корист“.

Лондонската агенција „Шаркул Авсат“ објави веста под наслов „Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со претседателот на Венецуела Николас Мадуро му изрази добри желби по атентатот за време на одбележувањето на годишнината од формирањето на националната гарда“.

Руската новинска агенција ТАСС објави веста под наслов „Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез рече дека по американските санкции врз Иран, Турција нема намера да се откаже од економската соработка со оваа земја“.

Германската агенција ДПА најави дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на 28 и 29 септември ќе престојува во официјална посета ма Германија.

Азербејџанската новинска агенција Тренд објави вест под наслов „Турција и покрај американските санкции врз Иран ќе продолжи да купува гас од Иран“.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ објави веста под наслов „Турските војници во Сирија од страна на локалното население се сметаат за безбедност во борбата против режимот на Асад и терористичката организација“.

Иранската новинска агенција Фарс објави вест под наслов „На телефонскиот разговор меѓу претседателот на Узбекистан Шевкет Мирзивојев и претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган беа разменети мислења во врска со можностите за унапредување на билатералната соработка и средбите во иднина. Двајцата лидери изразија решителност за зајакнување на стратешката соработка меѓу двете земји.“

Руската новинска агенција ТАСС објави вест под наслов „Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова рече дека во рамките на состанокот со амбасадорите и постојаните претставници министерот Сергеј Лавров на 13 и 14 август ќе престојува во посета на Анкара“.



Слични вести