Странски печат 20.07.2018

Еве ги позначајните информации за кои што информираат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 20.07.2018

Денешниот осврт на странските средства за информирање го започнуваме со информацијата на британски БиБиСИ која ја објави на веб страницата на  интернет на турски јазик под наслов „Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на Мостот на шехидите 15 јули рече: Треба да се знае дека му ги пресековме пипците на октоподот кои ги порасна ѓаволот во Пенсилванија“.

Весникот „Нова Македонија“ ја објави веста дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе ги уништи сите ќелии на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во Турција.

Германскиот Дојче веле објави вест во која се истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на комеморацијата во знак на сеќавање на шехидите кои загинаа на 15 јули за време на неуспешниот обид за државен удар во Турција рече дека нема да дозволиме да се заборави и дека нема да го заборавиме 15 јули.

Иранската новинска агенција Фарс објави веста под наслов: „Ниту една сила не може да ги наруши односите меѓу Иран и Турција“ .

Руската новинска агенција  „Риа Новости“ објави веста под наслов „Украина и Турција сакаат да формираат компанија за производство на АН-188“.

Иранската новинска агенција ИРНА објави информација во која се истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за кризата во Сирија.

Лондонската интернет веб страница објави вест под наслов „Британската интерпретаторка и текстописец Ен Мари одржа концерт во Анталија“.

Американскиот меѓународен информативен канал СиЕнЕн објави информација под наслов „Голем прилив на странски туристи на водопадот .

Томара во Ширан кај Ѓумушхане“

Американскиот веб портал СиЕнЕн објави информација во која се истакнува дека во Турција се укина вонредната состојба која беше прогласена на 21 јули 2016, веднаш по неуспешниот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули, а која на периоди од по три месеци беше продолжена 7 пати.

Руската Федералноје агенство новости објави информација во која се истакнува дека Турција наесен ќе изврши економско истоварување во Русија.



Слични вести