Странски печат 22.06.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските средства за информирање во врска со Турција...

Странски печат 22.06.2018

Руската новинска агенција ТАСС: Турција во 2019 година сака да формира своја научна база на Антарктикот.

Иранската новинска агенција Фарс: Турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со својот узбечки колега претседателот Шевкет Мирзијојев го нагласи зголемувањето на соработката помеѓу двете земји во различни сфери.

Британската новинска агенција Ројтерс: Турските вооружени сили (ТВС) ги започнаа активностите за независно патролирање во подрачјето на Менбич во северниот дел на Сирија, кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ.

Германската медиумска корпорација „Дојче Веле“: Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ од 4 јули ќе почне да се повлекува од подрачјето на Менбич.

Италијанскиот информативен орган АНСАмед: Турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција ќе ја изгради и третата нуклеарна централа.

Иранската новинска агенција Фарс: Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан Де Мистура изјави дека ќе ги покани повторно во Женева претставниците на Иран, Турција и Русија.

Руската новинска агенција Спутник: Турскиот министер за Европска унија (ЕУ) и главен преговарач Омер Челик укажа на екстремната десница која е во подем во Европа во врска со што рече: „Екстремната десница е ДЕАШ на Европа.“

Глас на Америка: За претседателските и парламентарните избори во Турција гласаа приближно половината од вкупно 3 милиони 47 илјади турски државјани кои престојуваат во различни земји во светот и кои се регистрирани во списокот на гласачи во странство.

Кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа: Планинската област на североисточна Анадолија со своите уникатни природни убави и историските богатства очекува да биде откриена од страна на кинеските туристи во летните месеци.

Меѓународниот арапски весник „Аш-Шарк Ал-Авсат“: По трет пат низ истанбулскиот морски теснец, Босфорот, помина најголемиот брод за изградба во светот. Бродот за изградба „Пијониринг Спирит“ ќе ги поставува цевките на гасоводот Турски тек во длабоките води на Црното Море.

Туристичкиот и информативен интернет портал „Bosnahersek.Bа“: Обемот на трговската соработка помеѓу Турција и Босна и Херцеговина од 2003 година досега се зголеми за 10 пати и достигна до 700 милиони долари.



Слични вести