Странски печат 08.06.2018

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 08.06.2018

Британска новинска агенција Ројтерс: Турскиот вице премиер задолжен за економија Мехмет Шимшек рече дека во земјата започна приливот на нови странски инвестиции,особено после средбите со британските бизнисмени во Лондон.

Руска новинска агенција Риа Новости: Премиерот Бинали Јилдирим во телефонски разговор со рускиот колега Дмитриј Медведев се задржа на градежните работи околу нуклеарната централа Аккују и гасоводот Турски тек.

Американскиот интернет портал Туркиш/Американ: Турското возило без шофер кое може да се управува со далечински управувач УКАП е спремно за извршување на задачи.

Иранска новинска агенција Мехр: Портпаролот на турско претседателство Ибрахим Калин рече дека не се изненадени од американското вето на одлуката за поддршка на Палестина.

Британска новинска агенција Ројтерс: Турција и САД постигнаа согласнот околу патната карта за Менбич во Сирија.

Американскиот интернет портал Туркиш/Американ: Вице премиерот и портпарол на турската влада Бекир Боздаг рече дека секаде онаму каде што постои закана по Турција, тоа претставува цел за неа.

Руски информативен интернет портал Спутник: Турската авионска компанија Туркиш Ерлајнс прва на списокот „Најценети турски брендови-Турција 100“ која се подготвува од меѓународната асоцијација за вреднување на брендови Бренд Финанс.

Американскиот интернет портал Туркиш/Американ: Портпаролката на американскииот државен секретаријат за надворешни работи Хедер Ноерт рече дека договорот за Менбич,Сирија што го постигнаа САД и Турција ќе резултира со стабилност во регионот.

Кримска новинска агенција КХА: Безпасошкиот режим меѓу Турција и Украина резултира со голем број туристи во двете земји.

Кримска новинска агенција КХА: Турција реагира на одлуката на грчките власти за ослободување на пучистите од воениот удар на 15 јули 2016.

 

 



Слични вести