Странски печат 01.06.2018

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 01.06.2018

Кримска новинска агенција КХА: Министерот за здравство на Украина Улјана Супрун изјави дека Турција е многу ефикасна во пружање на итна помош.

Кримска новинска агенција КХА:Турскиот конфекциски бренд Де Факто кој располага со повеќе од 450 продавници ширум светот влезе и на украинскиот пазар.

Германскиот неделник Дер Шпигел: Министерот за надворешни работи на Германија Хеико Маас како срамен го оцени нападот на Турците пред 25 години во Солинген во кој загинаа 5 Турци.Тој исто така додаде дека е срамно тоа што Турците и после толку години се дискриминирани во Германија.

Иранската новинска агенција ИРНА: Пакистан потпиша договор за набавка на  30 турски хеликоптери Атак.Со ова односите меѓу двете пријателски држави во одбраната достигнаа на многу повисоко ниво.

Радио Глас на Русија : Започнува изградбата на вториот крак на гасоводот Турски тек, преку кој рускиот гас ќе биде транспортиран во Европа преку Турција. Се очекува изградбата на вториот крак да заврши кон крајот на 2019 година.

Британска новинска агенција Ројтерс: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговоро со претседателот на Русија Владимир Путин.Во разговорот станало збор за ситуацијата во Сирија и енергетски прашања.

Иранската новинска агенција ИРНА: Советот за национална безбедност на Турција соопшти дека Анкара ќе го поддржува палестинското прашање на меѓународни платформи.

ББС сервис на турски јазик: Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека терористичката организација ЈПГ-воено крило на терористичката организација ПКК во Сирија ќе се повлече од Менбич.

Турско-американски веб информативен портал: Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека постојано контактираат со Турција околу маршрутата на гасоводот Турски тек, која ќе се протега до Европа.

Радио Глас на Германија : Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу рече дека Европската унија и западно европските држави се однесуваат дволично кон Турција.

 



Слични вести