Странски печат 25.05.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските медиуми во врска со Турција...

Странски печат 25.05.2018

Како што стои на Веб порталот „Turkish American“ во САД претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека судбината на светот не може да им се препушти на 5-те постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) кои не развиваат решение.

Руската новинска агенција ТАСС соопшти дека за заштита на Палестинците претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е на страната на испраќање мировни сили во оваа земја.

Интернет страницата на германски Дојче Веле истакна дека европските Турци на крајот на неделата се состанаа со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Сараево. Претседателот Ердоган ги повика европските Турци да преминат во државјанство на земјата во која живеат, но рече дека треба да ја зачуваат и својата култура.  

Како што соопшти Кримската новинска агенција QHA, премиерот Бинали Јилдирим рече дека грчкото правосудство кое ги штити пучистите кои на 15 јули 2016 година се обидоа да извршат преврат, ги прекршува правата на жртвите во превратот.

Јапонската агенција Кјодо информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вети инвестиции во Босна и Херцеговина.

Веб порталот „Turkish American“ во САД ги објави зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека светот треба да се исчисти од нуклеарното оружје.

Руската новинска агенција Риа Новости напиша дека министерот за надворешни работи Мевлуд Чавушоглу разговараше со својот руски колега Сергеј Лавров во врска со случувањата во Сирија. 

Американската новинска агенција АсошиетедПрес соопшти дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на венецуелскиот лидер Николас Мадуро за извојуваната победа на одржаните претседателски избори кои што се одржаа во неделата и за неговиот реизбор за претседател на Венецуела.

Веб порталот „Turkish American“ во САД напиша дека директорот на канцеларијата во Вашингтон на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (SETA DC) Кадир Устун истакна дека САД со тоа што отворија амбасада во Ерусалим ја изгубија улогата на неутрален посредник на Блискиот исток.

Азербејџанската новинска агенција AzerTac информира дека претседателот на државниот комитет одговорен за дијаспората на Азербејџан Фуат Мурадов кој престојуваше во посета на Турција се состана со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман кој пак во оваа прилика го рече следното: „Прашањето со Нагорно Карабах кое се наоѓа под окупација на Ерменија, е наше национално прашање.“



Слични вести