Странски печат 18.05.2018

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 18.05.2018

Новинска агенција АП : Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека САД непочитувајќи ја меѓународната заедница ги прекршуваат правата и слободите.

Американско турскиот интернет портал Туркиш/Американ: Претседателот Ердоган рече дека историјата и човештвото нема да ги простат неправдите кон Палестинците.

Американско турскиот интернет портал Туркиш/Американ: Турција го осуди терористичкиот напад во Париз реализиран минатиот викенд.

Руски Спутник: Министерот за култура и туризам на Турција Нуман Куртулмуш рече дека во првите три месеци од годинава е постигнат рекорд во бројот на туристите и приходот од туризмот во земјава.Куртулмуш додаде дека  годинава се очекува земјава да ја посетат 40 милиони туристи и прилив од 32 милиони долари.

Иранска новинска агенција Фарс: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на заедничката конференција за печатот со британската премиерка Тереза Меј рече дека Израел е окупатор и држава на теророт.

Францускиот телевизиски канал Јуроњуз: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган за време на официјалната посета на Британија ги прими турските фудбалери Џенк Тосун, Месул Озил и Илкај Ѓундоган.

Британски Ројтерс: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со сопругата Емине Ердоган беа примено од британската кралица Елизабета 2. Приемот беше реализиран во Бакингемската палата.

Глас на Германија : Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро реагираше на бруталната интервенција на израелската полиција на Палестинците кои демонстрираат во Газа.

Американско турскиот интернет портал Туркиш/Американ: Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  рече дека не треба да останат без одговор масовните убивања на навиното палестинско население во Газа.

 

 

 



Слични вести