Странски печат 04.05.2018

Кус осврт на странските средства за информирање

Странски печат 04.05.2018

Британски Ројтерс истакнува : Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во саботата на средба со своите колеги од Русија и од Иран во Москва истакна дека било какво воено решение на кризата во Сирија е нелегално и неспроведливо.

Иранската новинска агенција Фарс пишува: Турција и Узбекистан потпишаа 24 договори за соработка.

Руски Спутник на веб страницата пишува: Извозот во Турција во април годинава забележа раст од 15 посто во споредба со истиот месец минатата година и изнесува 13 милијарди 549 милиони долари. Извозот остварен во последните два месеци е исто така рекорден и изнесува 161.1 милијарда долари.

Кинеската новинска агенција Хсинхуа известува : Туристичкиот доход одстварен во првиот квартал од годинава во Турција е многу висок.

Американски СНН известува : Турскиот борач Риза Кајаалп  стана европски шампион во борење во грчко-римски стил.

Руски Спутник на веб страницата пишува: Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари средба со претседателот на Јужна Кореја Мун Јае- Ин.После средбата се потпишаа 4 договори за соработка меѓу двете земји.

Француската новинска агенција АФП известува : Претседателот Реџеп Тајип Ердоган и официјално истакнат за кандидат за претседател на државата од владејачката АКП партија на изборите на 24 јуни годфинава.

Руската официјална новинска агенција Риа Новости истакнува : Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој изјави дека Анкара бара почитување на нуклеарниот договор со Иран бидејќи Иран ги исполнува одредбите од договорот.

Американскиот весник Дифенс Њуз известува: Турција развива ракета земја-земја со долг дострел.Турски претставници се уште не прецизираат колкав ќе биде дострелот на овие ракети.

 



Слични вести