Странски печат 27.04.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат странските медиуми во врска со Турција...

Странски печат 27.04.2018

Како што стои на Веб порталот на британскиот информативен сервис ББС на турски јазик; Томас Кук, најголемиот тур-оператор на Велика Британија соопшти дека земја која најмногу се избира за летниот одмор во 2018 година е Турција.

Кримската новинска агенција QHA соопшти дека Турција ја остави зад себе Европа во читање книги.

Како што информира руската официјална новинска агенција Ria Novosti; Русија започна со производство на одбранбените ракетни системи С-400 кои ќе и бидат испорачани на Турција.

Грузискиот веб портал Interpressnews информира дека премиерот Бинали Јилдирим во Шпанија на критиките на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) одговори со зборовите: „Би било подобро доколку си ја гледа својата рабиота. Изборите ќе ги одржи Турција, а не Советот на Европа.“ 

Кримската новинска агенција QHA известува дека продолжува да расте бројот на украинските туристи кои доаѓаат во Турција.

Според веста на веб порталот на германски„Дојче Веле“; Турција ги отфрли погрешните изрази и субјективниот коментар за историјата изнесени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во неговото писмено соопштение во врска со настаните од 1915 година. 

Руската официјална новинска агенција Ria Novosti; информира дека министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран на 28 април во сабота ќе се состанат во Москва каде што ќе разговараат за Сирија.

Шпанскиот весник „El Mundo“; ги објави следните зборови на премиерот Бинали Јилдирим за време на неговата посета на Шпанија: „Плаќаме голема сметка за одбраната на Европа“.

Азербејџанскиот информативен орган „APA“; им оддели место на зборовите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој рече дека е значајно проблемот со Нагорно Карабах да се реши во рамките на принципите на меѓународното право.

Рускиот веб портал Спутник; напиша дека се фрлени потписите за производство на националниот турски борбен авион кој ќе го заземе своето место во турските воздушни сили во 2030-сетите години.



Слични вести