Странски печат 09.03.2018

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 09.03.2018

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон разговараа за можностите за изнаоѓање решение на политичката криза во Источна Гута кој се наоѓа под опсада на силите на режимот на Асад.

Грузискиот весник „Интерпресњус“ ја објавува изјавата на премиерот Бинали Јилдирим кој рече дека подрачјето Раџо во Африн во Сирија беше исчистено од терористите.

Азербејџанската новинска агенција „Тренд Хабер“ ја објавува изјавата на потпретседателот на владата одговорен за економијата Мехмет Шимшек кој рече дека де факто започнаа трговските војни.

Руската радио и новинска агенција „Спутник“ истакнува дека Турција и Еу планираат да преземат заеднички иницијативи наспроти американската одлука за воведување дополнителни даночни стапки за увозот на челик.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека Турција во околината на Идлиб и областа која се наоѓа под контрола на силите на опозицијата планира да формира 9 кампови. Во камповите се предвидува да се сместат околу 170 илјади сириски бегалци.

Американскиот меѓународен информативен канал „СиЕнЕн“ истакнува дека џиновското турско знаме на кое пишува „Ниту една сила не може да ја спречи нашата борба против тероризмот“ кое беше обесено на зградата на Трговската комора на Анкара наспроти Амбасадата на САД во Анкара привлече големо внимание.

Британски „БиБиСи“ истакнува дека од 22 до 25 март во Центарот за зимски спортови Ерџијес ќе се одржи Светско првенство во скијање со падобран (сноукит).

„Радиото Глас на Америка“ истакнува дека турските надлежни органи ги анализираат фотографиите кои ги сликаа двајцата грчки војници кои што ја преминаа турската граница и влегоа во воената зона и беа приведени поради сомнение за шпионажа.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган на телефонскиот разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани постигнаа согласност за интензивирање на напорите за постигнување примирје во Сирија.

Американската веб страница „Туркиш американ“ истакна дека рестото на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со Африн на светот гласеше: Вие не можете да зборувате.



Слични вести