Странски печат 03.01.2018

Кус осврт на странскиот печат по наш редакциски избор

Странски печат 03.01.2018

Руски Спутник на интернет страницата објави вест под наслов „ Турција:Важно е да се зачува стабилноста во Иран“. Спутник истакнува дека турското министерство за надворешни работи издаде официјално соопштение во врска со немирите во Иран во кое се истакнува загриженост и се подвлекува следното:Турција изрази надеж дека ескалирањето на насилството на протестите во Иран ќе биде спречено, и дека ќе бидат спречени и надворешните обиди на подбуцнување.Турција е загрижена поради веста за страдањето на цивилите и уништувањето на јавните објекти за време на масовните протести, кои во Иран започнаа на 28 декември.Истакнувајќи дека Иран е пријателска и братска земја на Турција, од Министерството за надворешни работи во Анкара порачаа дека придаваат голема важност на зачувувањето на стабилноста и општествениот мир во соседството.„Уверени сме дека е потребно да се спречи насилството и да се избегнат провокациите, а иранскиот претседател Хасан Рохани во тој контекст претходно порача дека народот на Иран има право на протести, но не и на кршење на законот и нанесување штета на јавните добра“, се наведува во соопштението.

Пакистанскиот весник Џанг во веста под наслов „ Чавушоглу: многу европски земји го поддржуваат членството на Турција во ЕУ“ истакнува дека министерот за надворешни работи на земјава Мевлут Чавушоглу во изјава за германска новинска агенција рече дека голем број европски земји го поддржуваат членството на Турција во Европската унија.Анкара се уште сака и бара да биде примена во ЕУ, ако тие одлучат да не не примат тоа е нивно прашање.Турција сеуште се залага да биде примена во унијата.Малку се земјите како Германија, Австрија и како последно Данска кои што се спротивставуваат на тоа.

Кримската новинска агенција КХА во веста под наслов „ Турските хотелиери ги истакнаа целите за 2018 година“ истакнува дека Федерацијата на турските хотелиери соопшти дека 2014 година беше најплодната година во турскиот туризам кога земјава ја посетија над 40 милиони туристи кои оставија 35 милијарди долари. Истите бројки планираме да ги оствариме и оваа година, да ги придобиеме повторно туристите кои летуваа кај нас во изминатите години,се подвлекува во соопштението.

 



Слични вести