Странски печат 08.11.2017

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 08.11.2017

Турско американскиот интернет портал во веста под наслов „ Премиерот: Давање гаранција на САД не е во согласност со правната држава“ истакнува дека, премиерот Бинали Јилдирим пред заминување за САД одржа конференција за печатот на аеродромот Есенбоа во Анкара и како одговор на новинарско прашање во врска со повторното функционирање на процесот за издавање на визи рече дека давањето гаранции на Турција на САД и обратно, САД на Турција не е во согласност со правната држава.

Францускиот информативен телевизиски канал Еуроњуз во веста под наслов „ Атак,Анка и Хуркуш изложени во Тајланд“ известува дека деновиве претставници на турската одбранбена индустрија остваруваат низа средби со учесниците на меѓународниот саем за одбрана и безбедност што се одржува во Тајланд. Се очекува следните денови делегација од одбранбената индустрија на Турција да отпатува за Тајланд на средби со тамошните претставници околу постигнување спогодба за продажба на турските воени хеликоптери АТАК на Тајланд. Се дознава дека Малезија се интересира за турскиот беспилотен авион АНКА, а Бангладеш за воените авиони Хуркуш. Сите тие барани воени летала ќе бидат изложени наскоро на саемот Дубаи Ершоу што ќе се одржи од 12 до 16 ноември во Дубаи.

Американскиот телевизиски канал СНН Интернешнл на интернет страницата ја објавува веста под наслов „Мухамед со даунов синдром на врвот во Европа“ истакнува дека, спортистот со вроден даунов синдром од Денизли Мухамед Тугрул Шахин постигна европски рекорд во пливање на 200 метри пеперутка стил на Европсиот шампионат во Париз, со резултат од 4 минути, 41 секунда и 11 десетинки.Ова не е прв ваков успех на Мухамед,кој досега освои низа награди на неколку меѓународни спортски натпревари.

Американскиот телевизиски канал СНН Интернешнл на интернет страницата објави една друга спортска вест поврзана со Турција. Како што вели СНН Турција постигнува успеси во шахот, така да со секој изминат ден станува земја која ги привлекува светските шаховски мајстори.  Како резултат на тоа во Анталија во октомври се одржа Европски шаховски шампионат за жени а за 2020 година е закажано исто така европско првенство во шах за сите возрасти.

 



Слични вести