Странски печат 04.10.2017

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 04.10.2017

Германската новинска агенција ДПА во веста под наслов „ Ердоган со уште поголеми закани до Регионалните власти на северот на Ирак после спроведениот референдум за независност“ истакнува дека, претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш остро ги предупреди властите во северот на Ирак после нелегално спроведениот референдум за независност велејќи: „Ако не се приберат нема да се двоумиме да преземеме построги мерки.Се надеваме дека Регионалните власти во северот на Ирак час поскоро ќе се приберат.“

Руска Риа Новости во веста под наслов „ Турција се спротивстави на санкциите врз Иран“ извести дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција е против санкциите кои Западот ги спроведува врз Иран. Чавушоглу додаде „ Знаеме да го криткуваме Иран кога не е во право, но исто така знаеме и да го поддржуваме тогаш кога сметаме дека е во право. Политиката на санкции е погрешна. Погрешно е да се настојува Иран да се притегне во ќоше само затоа што им смета на одредени земји. Иран не е наш непријател.“

Американската новинска агенција АП во веста под наслов „Турција: го почитуваме територијалниот интегиритет на Шпанија“ истакнува дека  портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција  Хусеин Муфтуоглу на конференција за печатот вчера изјави дека Турција го почитува територијалниот интегритет на Шпанија.Сметаме дека во овој процес треба да се почитуваат законите на земјата и да се избегнуваат несакани настани.Веруваме дека Шоанија,земја со која Турција негува пријателски ии сојузнички односи ќе смогне сили на демократски начин и со национален дијалог да ги надмине овие искушенија.

Узбекистански Џахон во веста под наслов „Турско -узбечки бизнис форум“ истакнува дека во Ташкент се организира Турско-узбечки бизнис форум во организација на Комитетот за инвестирање на Узбекистан и Трговската комора на Истанбул. На самото отворање на форумот говореа заменик претседателот на Узбекистан Џамшид Кучкаров, претседателот на Трговската комора на Истанбул Ибрахим Чаглар и амбасадорот на Република Турција во Ташкент Ахмет Башар Шен. Страните постигнаа согласност за зголемување на инвестиционите активности и во двете земји, било поединечно било во вид на партнерски односи.

 

 



Слични вести