Странски печат 13.09.2017

Еве ги позначајните случувања за кои пишуваат странските медиуми посветени на Турција

Странски печат 13.09.2017

Иранската новинска агенција „ИРНА“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека по потпишувањето на договорот и окончувањето на процесот, Турција ќе ги купи ракетите С-400 од Русија. На враќање од Казахстан претседателот Ердоган во авионот одговараше на прашањата на новинарите и рече дека Турција ја исплати првата рата и беше постигнат договор за предавање на ракетите С-400 од Русија на Турција. Следната етапа на договорот се однесува на трансферот на кредитот кој ќе го обезбеди Русија на Турција. Како јас лично така и рускиот претседател сме одлучни во спроведувањето на договорот, рече Ердоган.

Азербејџански „Тренд“ во веста под наслов „Блиц соопштение од Турција во врска со ЕУ“ ја објавува изјавата на министерот за евроинтеграции Омер Челик кој во говорот во рамките на посетата на Лондон рече дека екстремните групи и средини најмногу сакаат да дојде до прекин на односите меѓу Турција како муслиманска, секуларна, демократска и правна држава и ЕУ. На средбата со генералниот секретар на Советот на Европа постигнавме одреден напредок. Тоа што треба да го направиме во претстојниот период е да седнеме на преговарачка маса со претставниците на ЕУ. Тоа пак претставува одраз на способноста за преговори на ЕУ, рече Челик.

Американскиот „Туркиш американ веб“ во веста под наслов „Дополнителни летови од Туркиш ерлајнс за Мајами“ истакнува дека поради застојот на летовите до кои дојде поради ураганот Ирма, турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека ќе воведе дополнителни летови. Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Прес центарот на Туркиш ерлајнс, планираат да воведат дополнителни летови од Мајами за Истанбул. Во соопштението беше истакнато дека летот кој е заведен под број ТК 6882 ќе се остварува во 03.300 часот според локално време.

Руски „Спутник“ во веста под наслов „ГАЗПРОМ и БОТАШ формираат заедничка група за вложување за пренесување на Турски тек во Европа“ истакнува дека компаниите ГАЗПРОМ и БОТАШ ќе формираат заедничка група за вложување за пренесување на гасоводот Турски тек во Европа. Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на ГАЗПРОМ, заедничката група за вложување која се формира согласно договорот меѓу владите на Русија и Турција има за цел да ја оствари изградбата на натамошниот дел од гасоводот Турски тек со кој ќе се пренесува гасот од Русија преку Турција во Европа. Управниот одбор на ГАЗПРОМ ќе ја разгледа можност за учествување во групата за заедничко вложување АД Турски тек превоз на гас која беше формирана на 21 септември, беше истакнато во соопштението.



Слични вести