Странски печат 09.08.2017

Кус осврт на странскиот печат

Странски печат 09.08.2017

Азербејџански Тренд во веста под наслов „ Премиерот Јилдирим го прими Џеенбеков“ извести дека премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим го прими својот гостин од Киргистан ,премиерот Сооронбај Џеенбеков со кого се задржа во подолг разговор. Во разговорот станало збор за присуството на фетулахистичко терористичката организација,паралелна државна структура ФЕТО во Киргистан. Во тој контекст беше истакната потребата од соработка меѓу Турција и Киргистан во напорите на спречување на делувањето на ФЕТО во Киргистан се со цел да не се фрли сенка на добрите билатерални односи меѓу двете земји.Во разговорот исто така беа разгедани сите аспекти од добрата и конструктуивна соработка меѓу пријателски и братските држави Турција и Киргистан. Премиерот Џеенбеков го увери својот домаќин премиерот Јилдирим дека Киргистан ќе направи се заради продлабочување на односите со Турција.

Турско американскиот интернет портал во информацијата под наслов „ Америка продолжува со воената поддршка на терористичката организација ПЈД/ЈПГ во Сирија“ истакнува декам САД под изговор дека ќе поефикасно ќе продолжи борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија,ја продлабочуваат соработката со терористичкитите организации ЈПГ и ПЈД во Сирија. Како последно 112 камиони шлепери беа испратени на позициите на терористите северно од Рака.Во конвојот составен од воена опрема имало и гасеници Хамер, танкери со гориво, и друг вид на воени возила со способност за брзо и ефикасно маневрирање. Вниманието го привлекува фактот што испораките се одвиваат претежно во доцните вечерни часови и со камиони шлепери покриени со дебели церади.

Руската новинска агенција Спутник во веста под наслов „ Руските туристи го заживеаја туризмот во Анталија“ известува дека, Еркан Јагџи претседател на Унијата на хотелиери и бизнисмени на целата турска медитеранска ривиера и јавил дека во споредба со периодот јануари- јули 2016 година во Анталија, во истиот период годинава биле евидентирани 2 милиони повеќе туристи од Русија.Во Анталија во јули месец летувале 79 проценти повеќе туристи од русија за разлика од јули минатата 2016 година. Јагџи додава дека може слободо да се констатира дека туристите од Русија буквално го заживуваат секторот во Анталија и околината.

Руски Спутник во веста „Турскиот генералштаб за турско-латарските маневри“ истакнува дека, Генералштабот на Турските вооружени сили издаде официјално соопштение во кое се истакнува дека успешно завршиле маневрите на турската и на катарската војска што ма 5.и 6. август се одржаа во воена база кај Доха.

Турско американскиот интернет портал во веста под наслов „ Атлетичарот Јасмани Копело се пласира во финалето на 16.Светски шампионат во атлетика што се одржува во Лондон.Копело на 4.ден од трките на 400 метри за мажи со пречки се пласира во финалето со резултат од 48.секунди и 91 десетинка.

 

 



Слични вести