Странски печат 14.06.2017

Еве ги позначајните случувања кои беа објавени во светските медиуми посветени на Турција

Странски печат 14.06.2017

Гласот на Русија во веста под наслов „Куртулмуш ги повика ирачките власти уште еднаш да ја преиспитаат одлуката“ ја објавува изјавата на вицепремиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш кој по состанокот на владата ги повика ирачките власти уште еднаш да ја рпеиспитаат одлуката за референдум за независност. Куртулмуш рече дека евентуалниот референдум за отцепување на Регионалната курдска управа на северот на Ирак ќе предизвика само дополнителна дестабилизација во регионот.

Ирак уште од поодамна е расцепкан и падна во безизлезна политичка криза. Знаеме дека референдумот на северот на Ирак нема да донесе ништо друго освен дополнителна дестабилизација на регионот. Затоа мислам дека сите политички актери во регионот треба добро да размислат пред да се фрлат некои чекори на тоа поле, рече Куртулмуш.

Иранската новинска агенција „Фарс“ во веста под наслов „Постигнавме договор со Турција во врска со безконфликтните зони во Сирија“ ја објавува изјавата на портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бехрам Касими кој рече дека министерот за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф за време на посетата на Турција постигна договор во врска со Сирија. Касими рече дека со Турција постигнале договор за формирање зони без конфликт во Сирија и дека во претстојниот период ќе имаме многу поконструктивна соработка со Турција.

Британски „Ел Хајат“ во веста под наслов „Египет нема да го затвори Суецкиот канал за турските воени бродови“ истакнува дека Египет се изјасни во врска со тоа дали ќе биде забранета пловидбата на турските воени бродови преку Суецкиот канал кога ќе пловат за Катар. Египет соопшти дека Суецкиот канал е меѓународен морски теснец и дека не мое да се забрани пловидбата на бродовите.

Единствен исклучок во тоа се бродовите кои ќе пловат под знамето на земјата која војува против Египет. Одлуката на арапските земји за бојкот на Катар не значи дека е објавена војна поради што не може да се спречи преминот на воените бродови, беше истакнато во соопштението.



Слични вести