Странски печат 17.05.2017

Следува преглед на вести и информации на странските средства за информирање за Турција

Странски печат 17.05.2017

Американската новинска агенција Асошјетед Прес во веста под наслов „ Трамп:ми беше чест да го пречекам претседателот на Турција“ истакнува дека, претседателот на САД Доналд Трамп мошне срдечно го пречека претседаелот Реџеп Тајип Ердоган кој отпатува во официјална посета на Америка.Трамп го пречека Ердоган на самиот влез и срдечно се ракуваше со него.Нешто потоа Трамп за новинарите изјави дека бил почестен од посетата на турскиот претседател Ердоган. Трамп ја потврди американската поддршка на Турција во борбата против тероризмот. Претседателот Ердоган пак му честита на претседателот Трамп на неговата победа на претседателските избори во Америка од ноември минатата година. Ердоган исто така потсети дека САД и Турција заеднички работат како во рамките на ОН, така и во рамките на НАТО и Г-20.

Руската новинска агенција Риа Новости во веста под наслов „ Германија пред испитот по тероризам“ истакнува дека, турскиот премиер Бинали Јилдирим рекол дека Германија,која им додели политички азил на терористите вмешани во неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година во Турција,ќе треба да се определи. Јилдирим додаде дека пред уставниот референдум од 16 април годинава односите на релација Берлин -Анкара осетно се затегнаа, по што дојде до нивно попуштање. Сепак односите меѓу двете земји повторно се на удар поради одлуката на властите во Германија да им доделат азил на членовите на терористичката организација ФЕТО кои живеат во оваа земја. Премиерот Јилдирим додаде: Германија ќе мора да се ослучи.Ако сака да ги развва односите со Турција,тогаш погледот ќе трерба да го сврти кон Република Турција а не кон терористите.

Телевизискиот канал Ел Арабија од Обединетите Арапски Емирати коментира дека присуството на терористичката организација ПКК на планината Синџар е опасно. Ел Арабија објавува интервју со Нечирван Барзани премиер на регионалната курдска управа на Северен Ирак.Барзани рекол дека присуството на терористичката организација ПКК на планината Синџар претставува директна закана по мирот и безбедноста на целиот регион. Во моментот во Багдад постојат средини кои ја поддржуваат материјално и логистички терористичката организација ПКК. Сметам дека овие политики се многу опасни, дека тие се во спротивност со добрососедските политики со Турција и дека се во спротивност со интересите на Ирак. Треба сите да бидеме едногласни во констатацијата дека присуството на терористичката организација ПКК во Синџар значи дестабилизација на тоа подрачје па дури и пошироко, така да сметам исто така дека властите во Багдад треба да бидат постојано во координација со претставниците на властите на регионалната курдска управа на Северен Ирак.

 

 



Слични вести