Странски печат 19.04.2017

Странските медиуми посветуваат поширок простор на референдумот за уставните измени што се одржа во неделата во Турција

Странски печат 19.04.2017

Новинската агенција АП соопшти дека  претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш повтори дека е можен референдум за процесот за пристапување на Турција во ЕУ како и за повторно враќање на смртната казна во Турција. Ердоган ова го изјави пред насобраните симпатизери во Анкара ден после победата на референдумот за уставни измени кои му даваат многу пошироки овластувања од тие што ги има сега.Ердоган во оваа прилика истакна дека воопшто не е загрижен за можните приговори кои би дошле од ЕУ во врска со можноото враќање на смртната казна во земјата. Ердоган ја обвини ЕУ дека ја остави Турција во чекалната веќе 54 години и додаде дека одлуката за тоа дали Турција треба да влезе во ЕУ ќе треба да ја донесе самиот народ на референдум кој би можел наскоро да се прогласи.

Германската новинска агенција ДПА во веста под наслов „ Ердоган остро реагираше на критиките на набљудувачите на гласањето на референдумот“ истакнува дека претседателот на РТ Реџеп Тајип Ердоган после референдумот силно реагираше на критиките на набљудувачите на гласањето на референдумот.Во својот говор во претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган осврнувајќи се на ОЕБС рече: Уставниот референдум што на 16 април годинава се одржа во Турција беше најдемократскиот избор  досега не виден ниту во една западно европска држава.ОЕБС да си знае каде му е местото и додаде дека на Турција не и значат ништо исполитизираните извештаи на ОЕБС. Тие извештаи немаат апсолутно било какво значење за Турција и не се обвзувачки за нас. Чекаме ЕУ да донесе конечна одлука и да не извести за тоа. Ако сметаме дека е потребно може да одржиме референдум и за влезот на Турција во ЕУ. Народот е тој што ќе донесе одлука за тоа. 

Иранската новинска агенција ИРНА исто така ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со критиките на набљудувачите на гласањето на референдумот,воедно и го објавува официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција во врска со истото.Во соопштението се подвлекува дека извештајот на ОБСЕ е  сосема неприфатлив за Турција, дека е нереален и тенденциозен.

Грчкиот информативен портал Мигратиоу  известува дека владата на последната седница донесе одлука за продолжување на  вонредната состојба во земјата за уште 3 месеци. Ова претставува трето продолжување на вонредната состојба во Турција после неуспешниот обид за воен удар на 15 јули минатата година. Ова го соопшти вице премиерот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш на конференцијата за печатот одржана веднаш после седницата на владата. Куртулмуш додаде дека предлогот за продолжување на вонредната состојба бил на Советот за национална безбедност и дека за истиот ќе треба да се изјасни и парламентот.



Слични вести