Странски печат 14.12.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање

Странски печат 14.12.2016

Катарскиот ТВ-канал Ал Џезира во веста под наслов „Самит на лидерите во дворецот Чанкаја“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим во среда ќе се состане со претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели. Според извори од кабинетот на владата, премиерот Јилдирим на двајцата лидери им упати повик за одржување средба по повод последните терористички случувања. Јилдирим во среда (денес) во 10.30 часот ќе се состане со лидерите на опозицијата.

Американската новинска агенција Асошиетед прес (АП) во веста под наслов „Дипломатски потег од Малта на Турција“ истакнува дека Малта, која земја идната година ќе ја презеде должноста привремен претседавач со ЕУ, на Турција и пружи дипломатска рака и најави дека ако Блокот сака поголема соработка со АНкара, треба да испрати некои поволни сигнали. Министерот за надворешни работи на Малта Џорџ Вела рече дека 28 земји членки на ЕУ треба да вложат поголеми напори за визната либерализација за турските граѓани. Тоа е предвесник на Малта дека на Турција како значен сосед на ЕУ сакаат да се смета како на близок партнер.

Кинеското меѓународно радио ЦРИ во веста под наслов „Кина го осуди бомбашкиот напад во Истанбул“ ја објавува изјавата на портпаролот на Министерство за надворешни работи на Кина Генг Шуанг кој на редовната прес конференцијата рече дека Кина остро ги осудува последните напади во Истанбул и чувствува длабоко жалење по повод загинатите и повредените во нападите. Портпаролот Генг потенцираше дека Кина е против сите видови тероризам и дека секогаш ќе продолжи да вложува напори во борбата против тероризмот и постигнување национален мир и стабилност во земјите кои се изложени на овие напади.  Во двата бомбашки напади на 10 декември во Истанбул загинаа 44 лица, од кои 36 полицајци, а 155 лица беа повредени.

Американското радио „Гласот на Америка“ (ВОТ) во веста под наслов „Мекензи рече дека американските муслимани се загрижени“ истакнува дека според Роберт Мекензи, експертот за истражување при институтот за политика Брукингс, американските муслимани се загрижени и вознемирени поради политиките кои што ќе ги следи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Инаку Трамп водеше невообичаена изборна кампања и немаше определено некоја политика во однос на ниту едно прашање. Познатите идеи на Трамп беа ограничени само со изнесување за време на кампањата. Голем интерес буди каква политика ќе следи Трамп и неговата екипа кон исламот, муслиманите, исламофобијата, по официјалното преземање на претседателската функција, особено ако се земат во предвид реториките кои што ги водеше за време на изборната кампања, рече Мекензи кој го сподели ставот дека во последно време се повеќе расте стапката на кривичните дела од омраза.



Слични вести