Странски печат 30.11.2016

Еве ги позначајните случувања за кои известуваат странските средства за информирање посветени на Турција

Странски печат 30.11.2016

Американскиот веб портал Лидинг Туриш Американ TURKISHNY во веста под наслов „Рестото на Ердоган ја потресе Европа“ истакнува дека изјавите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган предизвикаа загриженост во Европа. Особено зборовите на Ердоган дека ако претерате, тогаш ќе ги отвориме границите за бегалците предизвикаа Грција и Бугарија да ги зголемат санкциите против бегалците. По одлуката на Европскиот парламент за привремено суспендирање на преговорите со Турција за пристапување, претседателот Ердоган во говорот на Конгресот за правда  и жената на Женското здружение за демократија (КАДЕМ) рече: Кога само 50 илјади бегалци дојдоа на граничниот премин Капикуле, почнавте да се жалите. Ако претерате, Турција ќе ги отвори граничните премини.

Азербејџанската новинска агенција „ТРЕНД“ во веста под наслов „2 критични посети во турско-руските односи“ истакнува дека по нормализирањето на турско-руските односи, вниманието на јавноста се насочи кон претстојните два критични посети во декември. По укинувањето на кризата која беше доживеана со соборувањето на рускиот авион од типот СУ-24 на границата со Сирија и отворањето нови страници во меѓусебните односи, во декември ќе се одржа критични посети. Првата посета се планира да се одржи на 1 декември кога ќе допатува рускиот министер за надворешни работи во Турција. Во рамките на посетата на рускиот министер за надворешни работи Лавров се очекува да се разменат мислења во врска со билатералните односи и регионалните случувања. По посетата на лавров, на 6 и 7 декември во посета на Русија ќе замине премиерот Бинали Јилдирим во придружба на голема делегација од бизнисмени. Премиерот Јилдирим и делегацијата во негова придружба ќе остварат посети на Москва и Казан.

Германски „Дојче веле“ во емисијата на турски јазик во веста под наслов „Германскиот министер за економска соработка и развој Милер рече дека не треба да се задоцни со исплата на Турција“ истакнува дека Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Милер од ЕУ побара што поскоро да ја испрати ветената помош на Турција во врска со сириските бегалци. ЕУ од ветените три милијарди евра помош на Турција за бегалците, сеуште нема доставено ниту една милијарда.  Димитрис Аврамопулос, членот на Европската комисија за миграции, внатрешни работи и граѓански односи рече дека договорот за бегалците со Турција треба да продолжи по секоја цена. На состанокот со 200 експерти на Канцеларијата за поддршка на азилот (ЕКПА) Аврамопулос рече ветувањата за солидарност кои им беа дадени на Италија и Грција дека не треба да останат на напразно. ЕУ треба да го интензивира процесот за што поскоро испраќање на бегалците од Италија и Грција во други земји, подвлече Аврамопулос. Според соопштението на Европската комисија, досегашниот износ на материјалната помош која ја пружи ЕУ на Турција изнесува 677 милиони евра.

Кинеското интернационално ради ЦРИ во веста под наслов „Воената вежба Нусрет 2016“ истакнува дека продолжува воената вежба Нусрет 2016 која се одржува под покровителство на Турција. Воената вежба која започна на 25 декември и се одржува во Измирскиот залив ќе заврши на 4 декември. На вежбата учествуваат 20 набљудувачи од Бахреин, Грузија, Катар, Кувајт, (Јужна Кореја) Северна Кореја, Либан, Саудиска Арабија, вкупно 16 земји како и двајца штабни офицери од Романија. Целта на воената вежба е да се пружи обука во планирањето на борбата со мините како и можноста за соработка со другите земји на тоа поле.



Слични вести